„Македонски телеком“ ќе даде уште 20 милиони евра дивиденда

Bez autora
Nov 01 2015

На официјалната страница на Македонската берза за хартии од вредност, вчера „Македонски телеком“ објави јавен повик за одржување акционерско собрание. Според објавените предлог одлуки, предвидена е исплата на дивиденда во бруто-износ од 14,38 денари по акција, што би претставувало втора исплата на дивиденда оваа година. Станува збор за дел од акумулираната добивка на „Македонски телеком“, односно 1,24 милијарди денари или околу 20 милиони евра кои ќе бидат издвоени за исплата на дивиденда. Износот претставува бруто-дивиденда што се исплаќа во согласност со одлуката и ги вклучува сите применливи даноци, коишто ќе бидат задржани и платени од бруто- дивидендата во согласност со важечката даночна регулатива во Република Македонија на датумот на исплата, соопштија од компанијата. Бруто-износот на дивиденда по акција е 14,38 денари.

На официјалната страница на Македонската берза за хартии од вредност, вчера „Македонски телеком“ објави јавен повик за одржување акционерско собрание.

Според објавените предлог одлуки, предвидена е исплата на дивиденда во бруто-износ од 14,38 денари по акција, што би претставувало втора исплата на дивиденда оваа година. Станува збор за дел од акумулираната добивка на „Македонски телеком“, односно 1,24 милијарди денари или околу 20 милиони евра кои ќе бидат издвоени за исплата на дивиденда.

„Износот претставува бруто-дивиденда што се исплаќа во согласност со одлуката и ги вклучува сите применливи даноци, коишто ќе бидат задржани и платени од бруто- дивидендата во согласност со важечката даночна регулатива во Република Македонија на датумот на исплата“, соопштија од компанијата. Бруто-износот на дивиденда по акција е 14,38 денари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik