Македонски Телеком има најдобра мрежа сметаат граѓаните

Bez autora
Feb 17 2016

Најголемиот дел од македонските граѓаните сметаат дека мобилната мрежа на Македонски Телеком е најдобра во државата и дека ги оправдува нивните очекувања. Резултатот е речиси идентичен за квалитетот на фиксната мрежа, односно граѓаните се изјасниле дека се најзадоволни од фиксната мрежа на Македонски Телеком. Податоците се резултат од истражувањето на реномираната истражувачка агенција „Брима“, спроведено во декември оваа година. Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години. За потребите на истражувањето, „Брима“ спроведе теренска анкета, интервјуа со случајно избрани граѓани по утврдена методологија кои доброволно одговараа на прашања поврзани со работењето на телекомуникациските оператори, нивните услуги и производи.

Македонски Телеком има најдобра мрежа сметаат граѓанитеНајголемиот дел од македонските граѓаните сметаат дека мобилната мрежа на Македонски Телеком е најдобра во државата и дека ги оправдува нивните очекувања.

Резултатот е речиси идентичен за квалитетот на фиксната мрежа, односно граѓаните се изјасниле дека се најзадоволни од фиксната мрежа на Македонски Телеком.

Податоците се резултат од истражувањето на реномираната истражувачка агенција „Брима“, спроведено во декември оваа година.

Истражувањето е направено на репрезентативен примерок, во кое беа опфатени 1000 граѓани на возраст над 15 години. За потребите на истражувањето, „Брима“ спроведе теренска анкета, интервјуа со случајно избрани граѓани по утврдена методологија кои доброволно одговараа на прашања поврзани со работењето на телекомуникациските оператори, нивните услуги и производи.

Изборот на мрежата на Македонски Телеком за најдобра е резултат на повеќекратните инвестиции во најновите телекомуникациски технологии, за да се обезбеди најдобро корисничко искуство преку софистицирани и персонализирани услуги.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik