Македонски телеком за шест месеци со добивка од 4,2 милиони евра

Bez autora
Aug 07 2016

Македонски Телеком во првите шест месеци годинава имаше вкупна сеопфатна добивка од 258.924.000 денари, покажуваат неревидираните финансиски извештаи на компанијата. Како што се вели во соопштението до медиумите, Македонски телеком ја задржа водечката позиција на пазарот во фиксни говорни услуги на крајот од првите шест месеци годинава. Приходите од продажба во првите шест месеци од 2016 година изнесуваат 5.092 милиони денари, за 1,1 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Оперативните трошоци во истиот период се поголемување за 6,9 отсто, споредено со истиот период во 2015 година. Вкупните капитални инвестиции, на крајот од првите шест месеци од 2016 година изнесуваат 463 милиони денари.

Македонски телеком за шест месеци со добивка од 4,2 милиони евраМакедонски Телеком во првите шест месеци годинава имаше вкупна сеопфатна добивка од 258.924.000 денари (4,2 милиони евра), покажуваат неревидираните финансиски извештаи на компанијата.

Како што се вели во соопштението до медиумите, Македонски телеком ја задржа водечката позиција на пазарот во фиксни говорни услуги на крајот од првите шест месеци годинава.

Приходите од продажба во првите шест месеци од 2016 година изнесуваат 5.092 милиони денари, за 1,1 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Оперативните трошоци во истиот период се поголемување за 6,9 отсто, споредено со истиот период во 2015 година. Вкупните капитални инвестиции, на крајот од првите шест месеци од 2016 година изнесуваат 463 милиони денари.

Како резултат на горенаведените движења на страна на приходите и трошоците, нето добивката е 259 милиони денари, што претставува намалување за 52,7 отсто споредено со истиот период од 2015 година.

Уделот на компанијата на пазарот на фиксни говорни услуги во овој период изнесуваше 60,7 отсто според интерните податоци.

Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 10,6 отсто споредено со истиот период од 2015 година, со бројката од 219,5 илјади корисници Македонски Телеком на крајот од првите шест месеци од 2016 година е на лидерската позиција на пазарот на фиксни говорни услуги.

Базата на ДСЛ корисници на крајот на првите шест месеци од 2016 година остана стабилна во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 189 илјади корисници, додека уделот на пазарот на широкопојасен интернет изнесува 48,6 отсто, според интерните податоци.

„Како резултат на високиот квалитет, интерактивноста и уникатното тв искуство, Македонски Телеком оствари добри резултати со дигиталната телевизија, односно со ИПТВ услугата“, се вели во соопштението.

Така, во првите шест месеци годинава, бројот на МаксТВ корисници изнесуваше 105,4 илјади за 5,8 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Со тоа, Македонски Телеком има 25,3 отсто удел од вкупниот ТВ пазар, според интерните проценки.

Приходите од малопродажен интернет и дигиталната телевизија преку интернет протокол на крајот од првите шест месеци годинава се зголемија за 2,9 отсто во споредба со истиот период лани.

Во мобилниот сегмент, Македонски Телеком има удел од 48,3 отсто, согласно интерната проценка. Базата на претплатници на крајот од првите шест месеци од 2016 година изнесува 1.221.000 претплатници и е зголемена за 3,5 отсто во однос на истиот периодлани кога изнесуваше 1.180.000 претплатници.

Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првите шест месеци од 2016 година се намалени за 6,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на намалувањето на тарифите, помалиот мобилен сообраќај од меѓународни дојдовни повици, намалувањето на приходите од при-пејд како и од говорните услуги во роаминг.

Трендот на зголемено користење на мобилните услуги продолжи, при што сe повеќе минути се опфаќаат во пакетите за иста цена. Следствено, просечниот приход по корисник е намален за 4,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година.

Приходите од неговорни мобилни услуги се зголемени за 11,4 отсто во споредба со претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем податочен сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели.

На крајот од првите шест месеци годинава, приходите од системска интеграција и ИТ се зголемени за 81,1 отсто отсто во споредба со истиот период од претходната година, поради зголемените приходи од ИКТ проекти, клауд компјутинг услугите и други интегрирани решенија за бизнис корисници.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik