Македонскиот извоз порасна за 20 проценти

Bez autora
Dec 14 2010

Извозот во првите 10 месеци од годинава споредено со истиот период лани, бележи раст од 20 проценти, а увозот раст од 6 проценти. Бројките ги покажуват реалните ефекти од подобрување на нашата, но и на светската економија, посебно на ЕУ како наш значаен економски партнер. Ова вчера го потенцираше министерот за економија, Фатмир Бесими, на шестата по ред конференција за промоција на извозот, каде се промовираше дијалогот меѓу приватниот и јавниот сектор и мерките за подобрување на извозот, формирање на македонско национално тело за саемска промоција, како и финансиска поддршка за програмите за истражување и развој наменети за македонските компании што се извозно ориентирани. Досега до Владата се предложени околу 30-тина мерки од коишто 80 проценти биле прифатени и реализирани. Извозот е значаен за економскиот раст на државата бидејќи околу 100 проценти од БДП претставува обемот на трговијата. Позитивно е дека ефектите од глобалната економска криза во првите десет месеци од годинава покажуваат раст на извозот.

воз порасна за 20 процентиИзвозот во првите 10 месеци од годинава споредено со истиот период лани, бележи раст од 20 проценти, а увозот раст од 6 проценти.

Бројките ги покажуват реалните ефекти од подобрување на нашата, но и на светската економија, посебно на ЕУ како наш значаен економски партнер. Ова вчера го потенцираше министерот за економија, Фатмир Бесими, на шестата по ред конференција за промоција на извозот, каде се промовираше дијалогот меѓу приватниот и јавниот сектор и мерките за подобрување на извозот, формирање на македонско национално тело за саемска промоција, како и финансиска поддршка за програмите за истражување и развој наменети за македонските компании што се извозно ориентирани.

Министерот Бесими укажа дека досега до Владата се предложени околу 30-тина мерки од коишто 80 проценти биле прифатени и реализирани.

- Извозот е значаен за економскиот раст на државата бидејќи околу 100 проценти од БДП претставува обемот на трговијата - укажува Бесими и додава дека позитивно е дека ефектите од глобалната економска криза во првите десет месеци од годинава покажуваат раст на извозот. Според него, главните сектори што учествуваат во структурата на извозот се текстилот, челикот, нафтата.

Министерот потсетува дека кредитот од Европска инвестициона банка е даден на компаниите по доста поволни услови, а тоа индиректно ќе им помогне тие и извозно да се ориентираат.

За вицепремиерот, Владимир Пешевски, ова е добар сигнал за активностите што ги презема Владата за промоција на извозот.

- Во 2011 година Агенцијата за привлекување на странски директни инвестиции со измените во законот се стекнува со една нова задача, а тоа е промоција на извозот - вели Пешевски. Според него, веќе се ангажирани познати светски консултанти, бидејќи колку една држава извезува таа е поконкурентна.

Професорот Томе Неновски потсетува дека ланскиот извештај за движењето на надворешната трговија не беше благопријатен, бидејќи беснееше светската економска криза која ја намали извозната побарувачка, а со самото тоа ја намали вкупната светска трговија.

- Економските состојби во надворешно-трговскиот сектор на Македонија лани бележеа негативни резултати, притоа извозот се намалуваше многу повеќе од увозот и тоа предизвика растечко трговско салдо со странство - потсетува Неновски. Според него, годинава извозот се придвижи и расте со поголема динамика отколку што расте увозот при што покриеноста на увозот со извозот е 61 процент.

Што се однесува за цената на зелениот картон Пешевски вели дека кога ќе има одлука јавноста ќе биде информирана за тоа. Пешевски информира дека на негово барање од Бугарската амбасада минатата недела му биле доставени дополнителни податоци околу изградбата на нуклеарната централа Белене.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik