Македонските и бугарските текстилци ќе ја јакнат конкурентноста

Bez autora
Feb 16 2016

Успешно заврши пограничниот проект „Јакнење на капацитетите на текстилната индустрија во пограничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности“, кој го реализираше текстилното трговско здружение - Текстилен кластер во партнерствосо Браншова организација за текстил и облека од Ќустендил, Бугарија. Проектот беше финансиран од ЕУ преку ИПА-програмата за погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија и се спроведуваше 18 месеци. Од успешно завршениот проект бенефит имаат текстилците од двете страни на границата. Остварена е темелната цел - зајакнување на конкурентноста на текстилниот сектор во овој пограничен регион, со што тој се промовира како место каде што може да се добие квалитетно текстилно производство, со конкурентни цени и кратки рокови на испорака.

Македонските и бугарските текстилци ќе ја јакнат конкурентностаУспешно заврши пограничниот проект „Јакнење на капацитетите на текстилната индустрија во пограничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности“, кој го реализираше текстилното трговско здружение - Текстилен кластер во партнерствосо Браншова организација за текстил и облека од Ќустендил, Бугарија.

Проектот беше финансиран од ЕУ преку ИПА-програмата за погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија и се спроведуваше 18 месеци.

„Од успешно завршениот проект бенефит имаат текстилците од двете страни на границата. Остварена е темелната цел - зајакнување на конкурентноста на текстилниот сектор во овој пограничен регион, со што тој се промовира како место каде што може да се добие квалитетно текстилно производство, со конкурентни цени и кратки рокови на испорака“, вели Венцислав Филипов, член на УО на Текстилниот кластер.

Во изминатите 18 месеци компаниите од двете држави преку интензивна комуникација, меѓусебни посети, обуки и форуми ги анализираа состојбите, ги разгледуваа можностите и ги идентификуваа проблемите за кои се утврди дека се заеднички за двете страни, по што изготвија документи кои беа презентирани пред соодветни институции со цел обезбедување поддршка за зголемување на конкурентноста на секторот.

„Проектот доведе до воспоставување на бизнис-релации и интензивирање на соработката помеѓу компаниите од двете земји што придонесе за уште посилно меѓусебно поврзување, со цел создавање еден препознатлив регион на Балканот кој ќе даде голема понуда на можноста за производство. Тие можности беа претставени и пред пошироката јавност преку заедничка модна ревија“, вели Наташа Сивевска, извршен директор на Текстилниот кластер.

Иако проектот заврши, неговата успешна имплементација го обезбеди патот за понатамошна соработка помеѓу компаниите од двете земји.

„Договорено е двете страни, од своите власти, да бараат да обезбедат услови за конкурентност, а тоа, пред се', се однесува на условите за продукција на соодветен квалитетен кадар што е еден од најголемите проблеми на текстилната индустрија кај нас и во Бугарија. Кон ова се надоврзува и потребата од поддршка за модернизација и автоматизација, како и поддршка во промоцијата на регионот“, укажува Сивевска.

Според Филипов, Текстилниот кластер од Штип и во иднина ќе се обиде преку проекти да ги задржи постојните и да привлече нови купувачи.

„Овој пограничен регион, кој се карактеризира со висока концентрација на капацитети за текстилно производство, е мошне атрактивен за странските купувачи, но неопходно е да се поработи на обезбедување на потребите на компаниите за тие да успеат да ги задржат и да одговорат на нивните барања“, вели Венцислав Филипов.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik