Македонските и бугарските текстилци заеднички ќе извезуваат во Европа

Bez autora
Oct 14 2014

Македонските и бугарските текстилни компании ќе се промовираат на европскиот и на светскиот пазар како единствен регион. Односно, заеднички ќе настапуваат на извозни пазари, а ќе направат и заедничка стратегија за да привлечат што повеќе млади во средните текстилни училишта и на факултетите за да се справат со недостигот од квалитетни и обучени текстилци. Ова е само дел од проектот за продлабочување на соработката меѓу текстилните компании во Македонија и Бугарија, кој деновиве беше промовиран во Штип, а треба да трае до јануари 2016 година. Проектот е финансиран од фондовите на ЕУ преку ИПА-програмата и со него главно се опфатени источниот дел на Македонија, во кој работат приближно половината од вкупно вработените во македонскиот текстил, и западниот дел на Бугарија, кој е водечки во текстилството кај нашиот источен сосед.

Македонските и бугарските текстилци заеднички ќе извезуваат во ЕвропаМакедонските и бугарските текстилни компании ќе се промовираат на европскиот и на светскиот пазар како единствен регион. Односно, заеднички ќе настапуваат на извозни пазари, а ќе направат и заедничка стратегија за да привлечат што повеќе млади во средните текстилни училишта и на факултетите за да се справат со недостигот од квалитетни и обучени текстилци.

Ова е само дел од проектот за продлабочување на соработката меѓу текстилните компании во Македонија и Бугарија, кој деновиве беше промовиран во Штип, а треба да трае до јануари 2016 година. Проектот е финансиран од фондовите на ЕУ преку ИПА-програмата и со него главно се опфатени источниот дел на Македонија, во кој работат приближно половината од вкупно вработените во македонскиот текстил, и западниот дел на Бугарија, кој е водечки во текстилството кај нашиот источен сосед.

Со проектот предвидено е двете погранични области да се промовираат како единствен регион. Преку размена на искуства и тренинг-програми и обуки ќе се работи на подобрување на квалитетот, зголемување на продуктивноста, заеднички извозни програми и создавање услови за повисок процент на производство на сопствени брендови бидејќи и во двете земји сега убедливо доминираат лон-производството и извозот.

Според бројките што ги презентираа раководителите на проектот, во македонската текстилна индустрија работат 42.000 работници или 42 отсто од вкупно вработените во индустријата, кои лани реализирале 16,6 отсто од вкупниот македонски извоз. Во бугарската текстилна и индустрија за облека во 2010 година работеле 113.000 луѓе или 20 отсто од вкупно вработените во индустријата, кои реализирале 12,6 отсто од вкупниот бугарски извоз.

- Сакаме текстилниот сектор да го промовираме како генератор за создавање економска стабилност во прекуграничниот регион, да најдеме реални решенија за решавање на проблемите. Ќе имаме по две заеднички обуки во двете земји – во Македонија за продуктивност и квалитет, во Бугарија за ИСО-стандардизација и електронска продажба. Проектот ќе заврши со голем собир и модна ревија во Штип на македонски и бугарски модни куќи - вели Маријана Перковска, претседател на Текстилниот кластер на Македонија.

Благодарение на создадените контакти со првиот прекуграничен проект, чија реализација почна пред три години, текстилни компании од двете земји почнаа со меѓусебна соработка во производството, продажбата и извозот. Меѓу нив е и „Астибо фешн груп“ од Штип.

- Токму од тие контакти мојата фирма почна соработка со неколку од Благоевград, Сандански и од Софија. Машка облека што овде не можевме да ја произведуваме сега ја даваме да се работи за нашите странски партнери во нивни погони во Бугарија. Потоа се пласира на европскиот пазар, што од Бугарија како членка на ЕУ оди полесно. Треба да продолжиме со заедничката соработка меѓу двете земји зашто Балканот изгледа е предодреден да ја облекува Европа - вели Венцислав Филипов, сопственик на „Астибо фешн груп“.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik