Македонските производи со еден документ ќе патуваат во 34 земји

Bez autora
Jul 02 2015

Македонските производи ќе може само со еден транзитен документ да се движат низ 34 земји ЕУ, ЕФТА и Турција. Ова го овозможува пристапувањето на Македонија кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стоки. Конвенциите според Царинската управа на Македонија, обезбедуваат единствено движење на стоката во рамки на земјите членки од една влезна точка до местото на завршување на транзитната постапка, без разлика на тоа низ колку држави и гранични премини стоката треба да транзитира. Како што појасни директорката Наташа Радеска-Крстевска, електронската транзитна декларација со која е започната транзитната постапка во која било земја-членка на Конвенцијата е прифатлива за сите земји-членки.

Македонските производи со еден документ ќе патуваат во 34 земјиМакедонските производи ќе може само со еден транзитен документ да се движат низ 34 земји ЕУ, ЕФТА и Турција. Ова го овозможува пристапувањето на Македонија кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стоки.

Конвенциите според Царинската управа на Македонија, обезбедуваат единствено движење на стоката во рамки на земјите членки од една влезна точка до местото на завршување на транзитната постапка, без разлика на тоа низ колку држави и гранични премини стоката треба да транзитира. Како што појасни директорката Наташа Радеска-Крстевска, електронската транзитна декларација со која е започната транзитната постапка во која било земја-членка на Конвенцијата е прифатлива за сите земји-членки.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека Конвенцијата значи побрз проток на стоката што позитивно ќе влијае на конкурентноста на македонската економија и трговската размена со земјите-членки на оваа Конвенција.

„Кога станува збор за интеграција на Македонија во ЕУ, станува збор за подигнување на стандарди и реализација на активности кои ќе ја подобрат позицијата и конкурентноста на земјата. Токму ова е една таква активност и сите мерки и активности што се презедоа значат подигнати стандарди на работењето на Царинската управа во овој сегмент и активност од која ќе имаат корист и компаниите“, рече министерот за финансии.

Тој појасни дека за компаниите ова значи намалување на времетраењето на чекање на границата, намалени трошоци од аспект на превозот на стоката и времето и олеснување на постапката.

Ставрески верува дека македонските компании ќе ја искористат оваа можност и ќе се вклучат активно во користењето на заедничката транзитна постапка. Тој додаде дека Македонија е прва земја од земјите во Западен Балкан која пристапува кон Конвенцијата во која пристап имаат 34 земји, односно 28-те земји-членки на ЕУ, членките на ЕФТА - Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија и Турција.

Со заедничката транзитна постапка движењето на стоката е полесно и побрзо, царинските формалност се поедноставни и транзитот е поефикасен. За царинската служба со заедничката транзитна постапка се подобрува системот за превенција и полесно се откриваат измамите, а безбедноста при спроведувањето на транзитните операции е зголемена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik