Македонско-бугарска соработка во планинскиот и руралниот туризам

Bez autora
Sep 09 2014

Со 96 илјади евра обезбедени преку ИПА-програмата за прекугранична соработка со апликацијата во заеднички проект на Организацијата на жени од Штип и Трговско-индустриската комора од Благоевград ќе се продлабочува соработката во развојот на планинскиот и на руралниот туризам. Со проектот „Промоција на планински и рурален развој преку употреба на ИKТ и ИСО-консултации“ четири фирми од оваа стопанска гранка ќе добијат бесплатна имплементација на ИСО 9001, што треба да биде поттик за имплементација на стандардот за квалитет и за другите фирми од брегалничкиот и од благоевградскиот регион од обете страни на границата помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.

Македонско-бугарска соработка во планинскиот и руралниот туризамСо 96 илјади евра обезбедени преку ИПА-програмата за прекугранична соработка со апликацијата во заеднички проект на Организацијата на жени од Штип и Трговско-индустриската комора од Благоевград ќе се продлабочува соработката во развојот на планинскиот и на руралниот туризам.

Со проектот „Промоција на планински и рурален развој преку употреба на ИKТ и ИСО-консултации“ четири фирми од оваа стопанска гранка ќе добијат бесплатна имплементација на ИСО 9001, што треба да биде поттик за имплементација на стандардот за квалитет и за другите фирми од брегалничкиот и од благоевградскиот регион од обете страни на границата помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.

Проектот беше промовиран во Благоевград и негови основни цели се подобрување на животниот стандард на населението и економски развој во пограничниот реон.

Искуството на бугарските претставници во областа на ИСО-стандардите е мошне корисно за македонските партнери, кои ги прават првите чекори во оваа област, беше истакнато на промоцијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik