Регулаторната комисија за енергетика спротивно на законот, за една година го продолжи рокот на постапката за продолжување на Лиценцата на Макпетрол АД Скопје за Складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, реагираат од компанијата. Заклучокот на Регулаторната комисија, освен што е незаконски, има и елементи на присила, бидејќи Регулаторната комисија го продолжи важењето на постоечката лиценца на Макпетрол АД Скопје за уште една година, без Макпетрол да побара такво нешто, се вели во соопштението.
Регулаторната комисија за енергетика спротивно на законот, за една година го продолжи рокот на постапката за продолжување на Лиценцата на Макпетрол АД Скопје за Складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, реагираат од компанијата.
„Заклучокот на Регулаторната комисија, освен што е незаконски, има и елементи на присила, бидејќи Регулаторната комисија го продолжи важењето на постоечката лиценца на Макпетрол АД Скопје за уште една година, без Макпетрол да побара такво нешто“, се вели во соопштението.
Понатаму се појаснува дека Макпетрол АД Скопје уште на 28.12.2015 година поднел писмено барање до Регулаторната комисија за енергетика со кое ја извести дека ги повлекува барањата за продолжување на лиценцата за Складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, со што јасно ставиле до знаење дека го повлекуваат барањето за продолжување на постоечката лиценца, издадена во 2005 година, поднесена на 10.07.2015 година.
„Регулаторната комисија воопшто не се изјасни во однос на нашето барање за прекинување на постапката, иако има законска обврска тоа да го стори во рок од 8 дена. Макпетрол АД Скопје е убеден дека продолжувањето на рокот на постапката за една година е апсурдно и спротивно на законот, и компанијата е подготвена тоа да го докаже и пред релевантните домашни и странски инстанци. Регулаторната комисија за енергетика со вчерашната одлука и наложува и ја присилува компанијата да врши дејност за која Макпетрол АД Скопје нема законска обврска“, се вели во соопштението од Макпетрол АД.