„Макстил“ за три месеци со добивка од 2,1 милиони денари

Bez autora
Apr 26 2016

Металуршката компанија „Макстил“ во првите три месеци од годинава оствари вкупна сеопфатна добивка од 2.164.000 денари, покажува билансот на успех, доставен до Македонската берза. За споредба, минатата година во истиот период компанијата имала добивка од 1.315.000 денари. Како што покажуваат податоците од билансот на успех, во периодот јануари - март годинава, вкупните приходи од продажба на „Макстил“ достигнале 773,86 милиони денари, што е нешто помалку од истиот период лани, кога изнесувале 811,3 милиони денари. Пораст на приходите има од продажбата на странскиот пазар, 583,1 милиони во однос на 163 милиони лани, додека пад е регистриран кај продажбата на домашниот пазар.

„Макстил“ за три месеци со добивка од 2,1 милиони денариМеталуршката компанија „Макстил“ во првите три месеци од годинава оствари вкупна сеопфатна добивка од 2.164.000 денари (35 илјади евра), покажува билансот на успех, доставен до Македонската берза. За споредба, минатата година во истиот период компанијата имала добивка од 1.315.000 денари.

Како што покажуваат податоците од билансот на успех, во периодот јануари - март годинава, вкупните приходи од продажба на „Макстил“ достигнале 773,86 милиони денари, што е нешто помалку од истиот период лани, кога изнесувале 811,3 милиони денари.

Пораст на приходите има од продажбата на странскиот пазар, 583,1 милиони во однос на 163 милиони лани, додека пад е регистриран кај продажбата на домашниот пазар (190,7 милиони во однос на 648 милиони денари лани).

Инаку, за 27 наредниот месец е закажано годишно собрание на акционерите на компанијата, а според предлог-одлуките, кои исто така беа објавени на интернет- страницата на Македонската берза, нето-добивката во износ од 250.594 денари остварени во 2015 година, ќе биде распоредена за покривање на загубите од претходните години.

Како што е познато „Макстил“, како и другите компании од металуршкиот сектор се соочуваат со сериозни проблеми, поради состојбите на светскиот пазар, односно падот на цените на металите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik