Малешевијата подготвена за туристите

Bez autora
Apr 25 2016

Туристичките работници во Берово и во Малешевијата ги завршија сите подготовки за пречек на своите гости на кои овој преубав крај со големи шумски појаси, пространи ливади и гостопримливи луѓе им е омилен за одмор. Хотелските комплекси се уредени речиси до перфекција, беровчани кои издаваат апартмани по прифатливи цени ги подготвија своите домови, а градот го реши и прашањето со собирањето на ѓубрето што се јави поради штрајкот на комуналците поради неисплатени плати. Туризмот во Малешевијата главно е концентриран на Беровското Езеро. Во самото Берово најпечатлив е хотелскиот комплекс „Манастир“, кој е на излезот од градот кон езерото.

Малешевијата подготвена за туриститеТуристичките работници во Берово и во Малешевијата ги завршија сите подготовки за пречек на своите гости на кои овој преубав крај со големи шумски појаси, пространи ливади и гостопримливи луѓе им е омилен за одмор.

Хотелските комплекси се уредени речиси до перфекција, беровчани кои издаваат апартмани по прифатливи цени ги подготвија своите домови, а градот го реши и прашањето со собирањето на ѓубрето што се јави поради штрајкот на комуналците поради неисплатени плати.

Туризмот во Малешевијата главно е концентриран на Беровското Езеро. Во самото Берово најпечатлив е хотелскиот комплекс „Манастир“, кој е на излезот од градот кон езерото. Менаџерот Владо Мишовски вели дека се подготвени за туристите, меѓу кои има и голем број странци од неколку европски но и воневропски држави.

„Веќе имаме резервации за групи од Израел, Холандија, Бугарија, Франција... Деновиве испративме група туристи од францускиот град Ливеро, кои ги прошетавме по сите манастири, винарии, водопади по југоистокот на Македонија.

Луѓето беа воодушевени. Во една селска куќа домаќините изнесоа ракија, домашно сирење, матеница, салати... Кога гостите посакаа да платат, домаќинот им рече дека платиле со својата посета, па на разделба некои од нив зборуваа дека досега не сретнале вакви луѓе“, раскажува Мишовски.

Во „Манастир“ се јавил и водач на група од Холандија, договорил време за престој на групата, но не заборавил на еден свој обичај.

„Ни испрати список на слатко од разновидни шумски плодови и посака слаткото да му го направиме на наш, малешевски начин, како и минатата година. Ние, секако, му ветивме дека така и ќе биде. Туристи од Бугарија, пак, се интересираа дали ќе можат да одат на бачила, а ние им дадовме потврден одговор“, вели Мишовски.

Дека годината ќе биде бериќетна, надеж дава податокот дека во првите три месеци од годинава ноќевањата во „Манастир“ се зголемени за 49 проценти, а на странските гости за 41 отсто во однос на истиот период лани.

На Беровското Езеро доминира преубавиот комплекс „Аурора“. Благата зима проследена со убави и сончеви денови, како и фактот дека овој хотел е познат низ Европа и светот, придонеле бројот на гости и ноќевања да биде поголем за 35-50 отсто. Гостите во најголем дел се од соседна Бугарија.

„Откако се направи автопат меѓу Софија и Благоевград, со што од главниот бугарски град до Берово сега се стигнува за 80 минути, бројот на туристи од Бугарија значително се зголеми. Годинава дури половина од туристите кои ги очекуваме се од оваа соседна земја. Тоа говори колку патната инфраструктура е важна за развојот на туризмот.

Но, Малешевијата во туристичка смисла вистински ќе процвета тогаш кога ќе се отвори граничниот премин ’Клепало‘. Мислам дека тоа ќе биде и добар начин да подзапре и големата миграција на младите. И ние имаме проблем со работната сила, вработени кај нас штом ќе добијат шанса, бегаат во некоја европска држава. Со пуштање на овој премин ќе дојде до размена на луѓе, капитал, идеи... Голем проблем за туризмот е тоа што езерото во добар дел од годината е полупразно, што е многу грда слика. Во лоша состојба е и патот од Берово до езерото, каде што има голем број викендички кои сопствениците ги ставаат во туристичката понуда“, вели Славчо Ситачевски, сопственик на „Аурора“.

На овој убав простор многу малешевци, на импровизирани тезги, продаваат мед и разновидни производи од шумски плодови. Таа слика не му приличи на амбиентот.

„Бараме од локалната власт овде да се уреди едно пристојно, покриено пазарче каде што гостите ќе можат да купат зеленчук, мед, шумско овошје, да има продавница за весници, цигари и разни ситници кои им се потребни на туристите. Сега, за такво нешто туристите мора да одат во градот што нив многу ги нервира“, вели еден од продавачите на мед и шумски плодови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik