Мали промени и кај вработеноста и кај невработеноста

Bez autora
Nov 20 2016

Нема многу оптимизам за идните состојби на пазарот на труд во Македонија, во есенската економска анализа на Европската комисија. Според извештајот, нема значително да се намалуваат стапките на невработеност, ниту пак забележително да расте вработеноста, туку се прогнозираат само минимални промени кон подобро. Досегашните намалувања на невработеноста во Македонија се резултат на новиот метод на примена во Анкетата на работна сила, како и на владините политики за субвенционирано вработување. Вкупната работна сила се предвидува дека ќе се намалува во наредниот период, а со тоа и придобивките на државата од новите работни места, стои во анализата.

Мали промени и кај вработеноста и кај невработеностаНема многу оптимизам за идните состојби на пазарот на труд во Македонија, во есенската економска анализа на Европската комисија. Според извештајот, нема значително да се намалуваат стапките на невработеност, ниту пак забележително да расте вработеноста, туку се прогнозираат само минимални промени кон подобро.

„Досегашните намалувања на невработеноста во Македонија се резултат на новиот метод на примена во Анкетата на работна сила, како и на владините политики за субвенционирано вработување. Вкупната работна сила се предвидува дека ќе се намалува во наредниот период, а со тоа и придобивките на државата од новите работни места“, стои во анализата.

Според неа, посериозно намалување на невработеноста ќе има дури во 2018 година, кога таа ќе достигне 22,2 проценти. До крајот на годинава невработеноста ќе изнесува 24,4, а в година ќе биде 23,2 отсто. Значи, се предвидува до крајот на 2016 да расте невработеноста, бидејќи според последните податоци на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од годинава таа изнесуваше 24 отсто. Од друга страна, пак, вработеноста нема да се зголемува со значителни стапки, туку тие ќе паѓаат. До крајот на годинава стапката на вработеноста, која сега изнесува 42,9 отсто, ќе се зголеми за 1,8 отсто, в година за 1,6, а во 2018 година за 1,5 проценти, прогнозира ЕК.

„Иако невработеноста е намалена, од 24,5 отсто во првото тримесечје од годинава, на 24 во вториот квартал од годинава, таа сепак остана на високо ниво. Младите и долгорочната невработеност, особено кај жените и кај Ромите, остануваат голем предизвик и највисок приоритет во наредниот период. Потребно е дополнително да се развие категоризација на невработените лица и да се изработат индивидуални планови за вработување, преку подобрување на вештините кај невработените според понудата на пазарот на трудот“, стои во Анализата.

Инаку, во Македонија во изминатите 8 години се спроведени 155 активни мерки за вработување на Владата, од кои околу 80 отсто се во форма на обуки за стекнување на вештини, но кои за жал, не секогаш завршуваат и со вработување. Како што посочи неодамна директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, средствата за активните мерки од 2007 досега се повеќе од двојно зголемени, или од 300 милиони денари на на 700 милиони денари годинава. А, најмногу, или околу 75 отсто од нив биле за поттикнување на вработувањето и за отворање на нови работни места за младите.

Последните анализи на Асоцијацијата за истражување, „Фајненс тинк“, покажуваа дека во последните години, иако се намалува стапката на невработеност, таа е се' уште многу висока во споредба со земјите од соседството и пошироко.

Особено е загрижувачка невработеноста кај младите. Минатата година стапката на невработеност кај лицата на возраст од 15 до 29 години изнесувала 44,7, што е многу повеќе од просекот во ЕУ кој бил 15,7 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik