Маркетите „Туш“ се повлекуваат од Македонија

Bez autora
Jan 29 2017

Словенечкиот синџир маркети „Туш“ се повлекува од Македонија. Трите локали во Штип, Куманово и Велес, неофицијално, веќе ги купила домашната компанија „Кит-го“, која тргува низ цела Источна Македонија. Со продажбата на трите продавници во нашата земја, словенечката компанија дефинитивно се повлече од Балканот, иако во изминатите десетина години имаше свои филијали речиси во сите земји од поранешна Југославија. Во Македонија „Туш“ имаше само три маркети, во три градови, но ниту еден во Скопје. Купувачите се жалеа дека во последниот период маркетите се' почесто се празнеле, снабдувањето со стока било многу намалено, а некои артикли подолго време воопшто ги немало.

Маркетите „Туш“ се повлекуваат од МакедонијаСловенечкиот синџир маркети „Туш“ се повлекува од Македонија. Трите локали во Штип, Куманово и Велес, неофицијално, веќе ги купила домашната компанија „Кит-го“, која тргува низ цела Источна Македонија. Со продажбата на трите продавници во нашата земја, словенечката компанија дефинитивно се повлече од Балканот, иако во изминатите десетина години имаше свои филијали речиси во сите земји од поранешна Југославија.

Во Македонија „Туш“ имаше само три маркети, во три градови, но ниту еден во Скопје. Купувачите се жалеа дека во последниот период маркетите се' почесто се празнеле, снабдувањето со стока било многу намалено, а некои артикли подолго време воопшто ги немало.

Во дирекцијата на „Туш“ во Скопје потврдија дека компанијата заминува од Македонија, но дека процесот се' уште не е завршен, и покрај информациите дека купопродажниот договор бил потпишан уште пред новогодишните празници. Не зборуваа за причините за повлекувањето, ниту пак, што ќе се случува со вработените. Беше најавено дека откако ќе завршат правните процедури, компанијата ќе излезе со официјално соопштение.

Од друга страна, пак, неофицијално, претставници на „Кит-го“ веќе разговарале со вработените и им ја потврдиле купородажбата. На сите, вкупно околу стотина, им било ветено дека маркетите нема да имаат прекин во функционирањето и дека ќе си ги задржат работните места. Во текот на следната недела ќе бидат преземени сите три маркети, ќе го имаат истиот асортиман како и порано, но ребрендирањето ќе се спроведува етапно. Новиот сопственик на маркетите „Туш“, штипската компанија „Кит-го“, има дваесетина продавници во повеќе градови во источниот дел од земјава.

По повлекувањето од Македонија, „Туш“ останува да работи само во Словенија, иако инвестираше и во трговски синџири во Хрватска, Србија и во Босна. Компанијата ги продаде маркетите во Хрватска и Србија, додека во Босна, по повлекувањето во 2014 година беше отворена истрага за криминал. Иако „Туш“ тврдеше дека се повлекува поради неповолната политичка и бизнис клима во земјата, добавувачите на словенечките маркети во Босна ја тужеа компанијата за над 10 милиони евра неплатени побарувања.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik