Мартовските сметки за струја повисоки за 5,48 насто

Bez autora
Feb 27 2011

Новата цена на електричната енергија за 2011 година ќе биде зголемена за 5,48 проценти, односно киловат-час електрична енергија од сегашните 3,7871 денари ќе добие нова средна цена од 3,9946 денари. Цената ќе важи од 1 март годинава, а граѓаните зголемувањето ќе го платат со мартовските сметки што ќе ги добијат во април. Oд вкупното зголемување кај ЕЛЕМ тоа е 0,53 проценти, така што претходната цена од 2,1114 денари за киловат-час сега е 2,1220 денари за киловат-час производена електрична енергија. МЕПСО има зголемување за 4,22 проценти, така што новата цена е 0,2570 денари за киловат-час. ЕВН-Дистрибуција има зголемување за 4,76 проценти, односно новата цена е 1,4127 денари и сето тоа резултира со крајна цена 3,9946 или пораст од 5,48 проценти.

Мартовските сметки за струја повисоки за 5,48 настоНовата цена на електричната енергија за 2011 година ќе биде зголемена за 5,48 проценти, односно киловат-час електрична енергија од сегашните 3,7871 денари ќе добие нова средна цена од 3,9946 денари.

Цената ќе важи од 1 март годинава, а граѓаните зголемувањето ќе го платат со мартовските сметки што ќе ги добијат во април.

Како што објасни Димитар Петров, претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), од вкупното зголемување кај ЕЛЕМ тоа е 0,53 проценти, така што претходната цена од 2,1114 денари за киловат-час сега е 2,1220 денари за киловат-час производена електрична енергија.

- МЕПСО има зголемување за 4,22 проценти, така што новата цена е 0,2570 денари за киловат-час. ЕВН-Дистрибуција има зголемување за 4,76 проценти, односно новата цена е 1,4127 денари и сето тоа резултира со крајна цена 3,9946 или пораст од 5,48 проценти. ЕЛЕМ-Енергетика и во делот на диструбуцијата и за снабдувањето, кај нив крајната цена на зголемување достигна 9,56 проценти, при што сега киловат-час ќе чини 2,9435 денари - објаснува Петров и додава дека методологијата за пресметка на цената на струјата е усогласена со новите правилници согласно новиот Закон за енергетика.

Според него, на предлог-одлуката за зголемување на цената на струјата на подготвителната седница немало посериозни забелешки од страна на енергетските компании, но сепак, конечниот процент за крајната цена на електричната енергија за 2011 година ќе се знае в понеделник, кога ќе биде донесена конечната одлука од страна на РКЕ на главната седница. До понеделник РКЕ ќе ги чека евентуалните забелешки на компаниите, што ќе ги достават во писмена форма.

- Имаше забелешки од ЕЛЕМ, ЕЛЕМ-Енергетика и од ЕВН, но со помош на техничките служби им беше детално образложено дека количините на струја се прецизно утврдени. Доколку сепак нешто се погреши, тие ќе се земат предвид во следната корекција на цената - укажува Петров.

На подготвителната седница не присуствувал претставникот на Организацијата на потрошувачите на Македонија, којшто треба да ги штити интересите на граѓаните, а од претставниците на стопанските комори немаше забелешки за новата цена.

Сепак деновиве извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија, Митко Алексов реагираше дека зголемувањето на цената на енергијата, како и на нафтените деривати, ќе влијае врз трошоците на работа на малите и средни претпријатија.

И од ЕЛЕМ не се задоволни од новата цена на струјата бидејќи сметаат дека во пресметката не се земени предвид одредени трошоци што ги имала компанијата во 2010.

За поскапувањето на струјата, академик Томе Бошевски потсети дека многупати досега обрнал внимание оти времињата на евтина електрична енергија се поминати и дека струјата треба да има повисока цена.

- Искористувањето на јагленот во Суводол и РЕК Битола се максимални и има резерви за уште неколку години. Затоа е потребно да се отвораат нови копови и да се ревитализира опремата и потребни се огромни инвестиции од околу 100 милиони евра за постојните капацитети да продолжат да работат во наредните 10 до 15 години, а тоа нормално некој треба да го плати - објаснува Бошевски.

Што се однесува за новата цена на електричната енергија, Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација укажува дека секоја одлука на РКЕ треба позитивно да влијае на инвестициите на компаниите бидејќи во спротивно ќе нема инвестиции.

Производителот Стрежево согласно новиот Закон за енергетика може да ја формира цената според условите на пазарот, а не како досега РКЕ да го регулира, додека ТЕЦ Неготино и годинава ќе биде ладна резерва на ЕЛЕМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik