МАСИТ ќе ги наградува домашните иновативни ИКТ решенија

Bez autora
Nov 16 2017

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2018 година. МАСИТ како член на WITSA првонаградените решенија ќе ги номинира на 2018 WITSA Global ICT Excellence Awards, еден од најголемите светски конгреси за ИТ што ќе се одржи од 19 до 21 февруари 2018 година во Xидерабад, Индија. Повикот за учество во изборот е отворен за сите членки компании на МАСИТ, но и за ИКТ компаниите кои сè уште не се дел од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии.

МАСИТ ќе ги наградува домашните иновативни ИКТ решенијаСтопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2018 година.

МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) првонаградените решенија ќе ги номинира на 2018 WITSA Global ICT Excellence Awards, еден од најголемите светски конгреси за ИТ што ќе се одржи од 19 до 21 февруари 2018 година во Xидерабад, Индија.

Повикот за учество во изборот е отворен за сите членки компании на МАСИТ, но и за ИКТ компаниите кои сè уште не се дел од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии.

Своите решенија компаниите може да ги номинираат во повеќе категории како што се: иновативни ИКТ решенија во јавниот сектор, решение за дигитални можности, решение за одржлив раст, извонредни мобилни решенија, иновативни решенија во здравството, WITSA награда за нови дигитални решенија, награда за дигитална инклузија.

WITSA 2018 Global ICT Excellence Awards е еден од најпрестижните глобални настани од ИТ областа, а компаниите кои ја имаат можноста да присуствуваат и да се натпреваруваат на овој настан добиваат пристап до значајни партнери и вендори.

Право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат готови сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија.

Решенијата може да се достават до комората најдоцна до 21 ноември, а пријавените компании ќе ги презентираат своите решенија на јавен настан организиран од МАСИТ на кој ќе биде извршен и изборот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik