Итни мерки за заштита на домашната мелничка индустрија, целосно спроведување и контрола на брашното од увоз преку контролни маркици, спровдување на Правилникот за квалитет на брашно и дополнително субвенционирање на домашните производители на пченица по класи на квалитет, бара Мелничко-пекарската групација при Стопанската комора на Македонија. Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија посочи дека е потребно итно преземање на мерки со цел заштита на домашната мелничка индустрија, која според укажувањата на мелничарите е пред тотален колапс, а некои компании, како што рече, веќе најавуваат можно затворање. Групацијата на мелничари бара субвенционирање од 2,5 денари по килограм пченица од последната реколта, односно разликата на цената меѓу откупната домашна пченица и цената на увозната пченица.
Итни мерки за заштита на домашната мелничка индустрија, целосно спроведување и контрола на брашното од увоз преку контролни маркици, спровдување на Правилникот за квалитет на брашно и дополнително субвенционирање на домашните производители на пченица по класи на квалитет, бара Мелничко-пекарската групација при Стопанската комора на Македонија.
Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија денеска на прес-конференција посочи дека е потребно итно преземање на мерки со цел заштита на домашната мелничка индустрија, која според укажувањата на мелничарите е пред тотален колапс, а некои компании, како што рече, веќе најавуваат можно затворање.
- Групацијата на мелничари бара субвенционирање од 2,5 денари по килограм пченица од последната реколта, односно разликата на цената меѓу откупната домашна пченица и цената на увозната пченица, истакна Ристовски.
Тој додаде дека мерките преземени минатата година како што се условениот увоз на брашно и пченица, контролните мерки за пуштање во промет на брашно и Правилникот за контрола на квалитет на брашно покажале недоволни резултати.
Анализите на мелничката индустрија при Стопанската комора на Македонија покажуваат дека за период од четири години практично за околу 30 проценти е зголемен увозот на брашно на годишно ниво.
Минатата година за 11 месеци се увезени 40.511 тони брашно, што го надминува вкупниот увоз од 40.361 тон брашно во 2014 година. Увезената пченица, пак е на приближно исто ниво од околу 85 илјади тони.