Со овој Меморандум се продлабочува досегашната соработка меѓу двете држави во оваа област, ќе се овозможи размена на искуства и на експерти, посети на министерско ниво како и заедничко организирање на обуки и реализација на проекти. Од наша страна овој документот денеска го потпиша министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, а од страна на Кина заменик - министерот на Министерството за човечки ресурси и социјална сигурност, Фу Џингуо. Државните службеници од македонското Министерство за труд и социјална политика и од Министерството за социјална сигурност на НР Кина ќе имаат можност заемно да си помагаат и соработуваат во областа на трудовото законодавство, креирањето и имплементирањето на политики за вработување, со акцент на младите и друго, истакна Ибрахими.
Со овој Меморандум се продлабочува досегашната соработка меѓу двете држави во оваа област, ќе се овозможи размена на искуства и на експерти, посети на министерско ниво како и заедничко организирање на обуки и реализација на проекти.
Од наша страна овој документот денеска го потпиша министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, а од страна на Кина заменик - министерот на Министерството за човечки ресурси и социјална сигурност, Фу Џингуо.
„Државните службеници од македонското Министерство за труд и социјална политика и од Министерството за социјална сигурност на НР Кина ќе имаат можност заемно да си помагаат и соработуваат во областа на трудовото законодавство, креирањето и имплементирањето на политики за вработување, со акцент на младите и друго“, истакна Ибрахими.
Заменик-министерот на кинеското Министерство за човечки ресурси и социјална сигурност посочи дека денешниот меморандум е првиот документ за соработка меѓу двете држави во областа на трудот, вработувањето и социјалната сигурност.