Менаџери, сопственици, професионалци од секторот за трговија со стоки за широка потрошувачка ќе учествуваат на четвртиот Самит за трговија со стоки за широка потрошувачка, што утре, 17 мај, ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје, а во организацијата на магазинот InStore. Своите знаења пред повеќе од 300 професионалци од средниот и од топ-менаџментот на македонските FMCG-компании ќе ги споделат десет говорници од Македонија и странство. Главен говорник на самитот ќе биде Миодраг Бороевиќ, извршен директор на рускиот синџир маркети „Океј“, кој ќе ги презентира предностите на македонските производствени компании и можностите за пласман на рускиот пазар. Прв говорник, пак, ќе биде Енвер Малиќи, сопственик на „Гемак“, една од водечките компании во FMCG-индустријата во Македонија.
Менаџери, сопственици, професионалци од секторот за трговија со стоки за широка потрошувачка ќе учествуваат на четвртиот Самит за трговија со стоки за широка потрошувачка (FMCG), што утре, 17 мај, ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје, а во организацијата на магазинот InStore.
Своите знаења пред повеќе од 300 професионалци од средниот и од топ-менаџментот на македонските FMCG-компании ќе ги споделат десет говорници од Македонија и странство.
Главен говорник на самитот ќе биде Миодраг Бороевиќ, извршен директор на рускиот синџир маркети „Океј“, кој ќе ги презентира предностите на македонските производствени компании и можностите за пласман на рускиот пазар.
Прв говорник, пак, ќе биде Енвер Малиќи, сопственик на „Гемак“, една од водечките компании во FMCG-индустријата во Македонија. Малиќи со присутните ќе ја сподели својата инспиративна бизнис-приказна.
„Магазинот InStore четврта година по ред го организира FMCG-самитот, на кој особено се гордееме затоа што претставува уникатен настан за споделување знаење и искуство, за размена на идеи и за подигнување на културата на FMCG-секторот на едно повисоко ниво“, вели Верица Мартиновска, директорка на магазинот InStore во Македонија.
На бината пред присутните ќе зборува и Џорџ Ангелакис, сениор-консултантка во Европската банка за обнова и развој, која воедно е и програмски поддржувач на Самитот. Ангелакис ќе зборува за успешни менаџмент-практики од FMCG-индустријата.
Другите говорници ќе дадат одговори на прашањата: Дали разбираме како иновациите, дигитализацијата и големите бази на податоци влијаат врз работењето? Како познавањето на трендовите да се претвори во предност на пазарот? Како да се пронајде формулата за успех на пазарот?
Повеќе детали за годинешното 4. издание на Самитот за трговија со стоки за широка потрошувачка (FMCG), за говорниците, темите, како и за програмата, се достапни на интернет -страницата на FMCG Summit 2018.