МЕПСО ја модернизираше трафостаницата „Кавадарци“

Bez autora
May 29 2019

Монтирани и инсталирани се нови прекинувачи, разделувачи и изолаторски вериги со што е заменет системот за управување со пневматски погон кој беше во функција од 1967 година. МЕПСО ја замени опремата што беше во функција повеќе од педесет години и ја заврши модернизацијата на трансформаторската станица „Кавадарци“. Монтирани се и ставени во погон нови разделувачи на сите осум полиња во трафостаницата и заменет е системот за управување со пневматски погон кој беше во функција од 1967 година. Со модернизацијата сите елементи ќе се управуваат со систем на електромоторен погон.

МЕПСО ја модернизираше трафостаницата „Кавадарци“Монтирани и инсталирани се нови прекинувачи, разделувачи и изолаторски вериги со што е заменет системот за управување со пневматски погон кој беше во функција од 1967 година.

МЕПСО ја замени опремата што беше во функција повеќе од педесет години и ја заврши модернизацијата на трансформаторската станица „Кавадарци“. Монтирани се и ставени во погон нови разделувачи на сите осум полиња во трафостаницата и заменет е системот за управување со пневматски погон кој беше во функција од 1967 година.

Со модернизацијата сите елементи ќе се управуваат со систем на електромоторен погон. Освен нови разделници, монтирани се и прекинувачи за три полиња, нови изолаторски вериги во целата постројка, нови фундаменти на елементите од примарната опрема и нови кабли за сигнализација и управување со елементи од постројката.

Вкупната инвестиција во нова опрема е околу 260.000 евра, а сите работи за монтажа на елементите ги изведоа стручни лица од МЕПСО. Со овие активности се монтирани 23 разделувачи, 3 нови прекинувачи, изолаторски вериги и друга додатна опрема. Модернизацијата на трансформаторската станица почна во мај 2017 година и траеше 2 години.

Трафостаницата „Кавадарци“ е најважниот електроенергетски објект во преносната мрежа за снабдување со квалитетна електрична енергија на Тиквешкиот Регион. Преку оваа трафостаница со електрична енергија се снабдува целото население во Кавадаречкиот Регион и целата индустрија (освен ФЕНИ кој има и сопствена трафостаница). Од системски аспект оваа трафостаница е значајна зашто е поврзана со трафостаницата „Дуброво“, хидроцентралата „Тиквеш“, а го поврзува Кавадарци со Велес и со Прилеп.

Новата опрема овозможува доверлива и сигурна работа за идните триесетина години и справување со сите идни предизвици кои може да дојдат со зголемената потрошувачка на електрична енергија. Во оваа трафостаница наскоро треба да се поврзе и индустрискиот капацитет ИГМ Кавадарци, а новата опрема ќе ги сведе на минимум и ризиците од дефекти и трошоците за одржување на опремата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik