Месната индустрија бара укинување на увозните давачки за замрзнато свинско месо

Bez autora
Jan 31 2017

Домашните производители и преработувачи на месо бараат укинување на царината и прелевманот за увоз на замрзнато свинско месо кое домашните компании го користат како суровина за преработка, односно за производство на месни преработки. Овие давачки ги прават неконкурентни во однос на производителите од соседството и го доведуваат во прашање опстанокот на целата групација, информираа вчера во Стопанската комора на Македонија. Од 1 јануари годинава е укината царината за увоз на замрзнато свинско месо во соседството и тамошните преработувачи плаќаат само 9отсто за увоз на оваа суровина, додека кај нас преработувачите се оптоварени од 19 до 35 проценти при увоз на истата суровина. Така, тие не само што не се конкурентни, туку се отвора можност и за дополнителен зголемен увоз на преработки пред се од соседството, истакна Васко Ристовски од Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Месната индустрија бара укинување ха увознуте давачки за замрзнато свинско месоДомашните производители и преработувачи на месо бараат укинување на царината и прелевманот за увоз на замрзнато свинско месо кое домашните компании го користат како суровина за преработка, односно за производство на месни преработки. Овие давачки ги прават неконкурентни во однос на производителите од соседството и го доведуваат во прашање опстанокот на целата групација, информираа вчера во Стопанската комора на Македонија. 

„Од 1 јануари годинава е укината царината за увоз на замрзнато свинско месо во соседството и тамошните преработувачи плаќаат само 9отсто за увоз на оваа суровина, додека кај нас преработувачите се оптоварени од 19 до 35 проценти при увоз на истата суровина. Така, тие не само што не се конкурентни, туку се отвора можност и за дополнителен зголемен увоз на преработки пред се од соседството“, истакна Васко Ристовски од Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Изнесувајќи ги заклучоците од последниот состанок на Групацијата за производство на месо и преработки од месо, тој рече дека за 11 месеци во 2016 година увозот на месни преработки се изедначил со целокупниот увоз во 2015 година. Доколку се земат предвид и податоците за декември, кога увозот и потрошувачката се најголеми, домашните производители сметаат дека 2016 година ќе покаже зголемен увоз на месо и месни преработки. Во земјите од соседството, производство на свинско месо е зголемено за преку 50 отсто, со што, како што истакна, се усложнува и ситуацијата кај нас. 

„Факт е дека пазарот кај нас е преплавен и од свежо свинско месо и од преработки. Домашните преработувачи плаќаат екстра давачки, а истовремено готовите увезени производи влегуваат во Македонија со нула отсто царина според договорите ЦЕФТА. Практично, и производителите на месни преработки и производителите на свинско месо се ставени во незавидна позиција“, рече Ристовски. 

Тој објасни дека прелевманите за замрзнато свинско месо ја полнат државната каса со околу три милиони евра. Домашните праработувачи сметаат дека ако барем на одредено време оваа мерка се укине по основ на извоз или пак, поголема потрошувачка на домашниот пазар, овие средства ќе се анулираат. Имајќи предвид дека оваа давачка е укината во соседството, домашните компании имаат повисока цена на увозната суровина за 20 отсто. Доколку состојбата остане ваква, негативните последици ќе се почувствуваат веќе до крајот на годинава, рече Ристовски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik