Милионски штети од блокадата на Солунското пристаниште

Bez autora
Jun 14 2016

Македонската економија трпи големи штети поради бегалската криза, штрајкот на грчките железничари и на работниците во Солунското пристаниште кое е блокирано и каде што во моментот стојат „заробени“ 25 бродови кои чекаат на утовар и истовар и не можат да се пренасочат кон други пристаништа. Од блокадата најмногу се погодени компаниите од металуршката и нафтената индустрија, кои тешко можат да најдат замена за железничкиот транспорт. Истовремено, поради стопирање на железничкиот превоз, „Македонски железници - Транспорт“ веќе пресмета загуби од околу 5 милиони евра.

Милионски штети од блокадата на Солунското пристаништеМакедонската економија трпи големи штети поради бегалската криза, штрајкот на грчките железничари и на работниците во Солунското пристаниште кое е блокирано и каде што во моментот стојат „заробени“ 25 бродови кои чекаат на утовар и истовар и не можат да се пренасочат кон други пристаништа.

Од блокадата најмногу се погодени компаниите од металуршката и нафтената индустрија, кои тешко можат да најдат замена за железничкиот транспорт. Истовремено, поради стопирање на железничкиот превоз, „Македонски железници - Транспорт“ веќе пресмета загуби од околу 5 милиони евра.

„Анкетата што ја направивме на 630 компании, без разлика дали некои го користат транспортниот Коридор 10 или пристаништето во Солун, покажа дека тие имаат за околу 30 отсто зголемени трошоци поради плаќање на лежарина на стоките и на контејнерите, давачки за пристанишни услуги како и за пренасочување на стоките од Солун кон други пристаништа во Грција, Волос и Пиреа, чии услуги се за 120 до 180 евра поскапи од оние од Солунското“, посочи на вчерашната прес-конференција, Јелисавета Георгиева, извршна директорка во Стопанската комора на Македонија.

Таа додаде дека камионите кои чекаат да им се преземат контејнерите од другите пристаништа, плаќаат дневна лежарина од 800 евра по возило, само за основни трошоци, и плус по исто толку по контејнер за пренасочување во Волос или Пиреа.

Компаниите се соочуваат со откажување на веќе договорените зделки поради доцнење или непочитување на договорите, а се принудени да купуваат дополнителни количества суровини од други партнери, по повисоки цени, со цел да ги запазат роковите за испорака. Освен тоа, како што покажала анкетата, фирмите имаат и плус трошоци поради оштетување на производите при претовар или губење на квалитет на некои расипливи стоки и слично.

Според директорот на „Македонски железници - Транспорт“, Никола Костов, од март досега, директната и индиректна штета на компанијата од блокадата на железничкиот сообраќај кон Грција како и од бегалската криза, изнесува пет милиони евра.

„Коридорот 10 не е во функција и ’Македонски железници - Транспорт‘ трпат големи загуби. Последиците од катастрофалната ситуација најмногу ќе се почувствуваат во втората половина од годинава. Најголемите компании - корисници на железничкиот превоз веќе ги користат пристаништата во Драч, Бургас, Варна, Риека, Бар, но алтернативните патишта ги чинат македонските компании за три пати поскапо, или за 20 долари повеќе по тон“, рече Костов.

Тој предупреди дека поради нефункционирање на Коридорот 10, може да се случи Македонија од страна на европските партнери да биде заобиколена како дестинација за транспорт и целиот превоз да се одвива со Коридорот 4, односно преку Србија, Бугарија и Грција. Затоа побара побрзо завршување на кракот на Коридорот 10, во правецот Битола – Лерин, како алтернативно решение за железнички превоз.

Стопанската комора на Македонија и „Македонски железници - Транспорт“ за актуелната состојба и последиците од блокадата на Солунското пристаниште ги информираа надлежните домашни и грчки институции, како и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Од нив се бара итно и активно да се вклучат за што побрз излез од состојбите и деблокада на пристаништето во Солун, преку кое се реализира околу 80 отсто од македонската трговија.

Според најавите од грчка страна, се очекува блокадата на Солунското пристаниште да заврши денеска и од утре да биде пуштено во нормална употреба.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik