Минеко ја обжали одлуката на тендерската комисија за концесијата на „Злетово“ и „Тораница“

Bez autora
Apr 05 2016

Компанијата „Минеко Обоени Метали“ Дооел, дел од „Минеко Групацијата“,соопшти дека поднела жалба на одлуката за избор на најповолна понуда за доделување концесии за експлоатација на минерални суровини за рудниците „Злетово“ и „Тораница“, поради, според компанијата, „кршење на тендерската постапка и неодлучување по Законот за концесии“. Во жалбата доставена до Државната комисија за жалби по јавни набавки, компанија бара поништување на одлуките за доделување на концесија и постапката на евалуација и нејзино повторување во согласност со законите на Република Македонија. Тендерската комисија при евалуацијата неосновано ја елиминираше Минеко Обоени Метали Дооел и со тоа ја прекрши тендерската постапка и ја оневозможи нашата компанија да учествува на електронското наддавање.

Минеко ја обжали одлуката на тендерската комисија за концесијата на „Злетово“ и „Тораница“Компанијата „Минеко Обоени Метали“ Дооел, дел од „Минеко Групацијата“, денеска соопшти дека поднела жалба на одлуката за избор на најповолна понуда за доделување концесии за експлоатација на минерални суровини за рудниците „Злетово“ и „Тораница“, поради, според компанијата, „кршење на тендерската постапка и неодлучување по Законот за концесии“.

Во жалбата доставена до Државната комисија за жалби по јавни набавки, компанија бара поништување на одлуките за доделување на концесија и постапката на евалуација и нејзино повторување во согласност со законите на Република Македонија.

- Тендерската комисија при евалуацијата неосновано ја елиминираше Минеко Обоени Метали Дооел и со тоа ја прекрши тендерската постапка и ја оневозможи нашата компанија да учествува на електронското наддавање. На овој начин беше ограничена конкуренцијата во електронското наддавање со што не се постигна реалната цена за концесискиот надоместок, а со тоа и оштетен Буџетот на Република Македонија, се вели во соопштението од Минеко Обоени Метали.

Според Минеко Обоени Метали Дооел, тендерската комисијата во процесот на евалуација сторила суштински повреди на законите за концесии и јавно приватно партнерство и за минерални суровини.

- Причината за елиминација на Минеко Обоени Метали Дооел е неприфаќање на доставената Информацијата за економско - финансиска состојба доставена бидејќи во неа е наведено дека постои „застој во наплата на побарувањата“ и „пренесена загуба“.  Наведената причина за одбивање на понудата е неоснована бидејќи не кореспондира со условите утврдени во тендерската документација и законите кои го регулираат овој процес, соопштуваат од Минеко Обоени Метали Дооел.

На јавната електронска лицитација за концесијата на „Тораница“ и „Злетово“ за најдобра беше избрана понудата на бугарската компанија „Минстрој“. На јавното наддавање на кое учествуваа и компаниите „Солвеј“  и „Гим“, од почетната сума од 800.000 евра беше постигната сума од околу 2 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik