Минималната плата во МакедонМинималната плата во Македонија да достигне до 50 проценти од просечната и работниците да пријавуваат непочитување на Законот од страна на работодавците. Ова го изјави претседателот на Унијата на независни и автономни синдикати во Македонија, Слободан Антевски, на семинарот „Предности и недостатоци од законски регулираната минимална плата и дали тоа влијае на квалитетот на работата“, што минатиот викенд се одржа во Струга. Нашата интенција е минималната плата да достигне до 50 проценти од просечната плата, но тоа не можам да го гарантирам во овој момент. Според податоците на Министерството за труд и социјална политика, Законот за минимална плата се почитува, но нашите податоци од терен го говорат спротивното. Тоа е многу закриена форма и се согласувам со ресорното министерство дека многу тешко се доаѓа до аргументиран пристап на тоа, рече Антевски на семинарот, на кој учествуваат претставници на синдикати од Полска, Албанија, Црна Гора, Косово, Бугарија, Србија, Португалија, Турција, Словенија и од Македонија.
Минималната плата во МакедонМинималната плата во Македонија да достигне до 50 проценти од просечната и работниците да пријавуваат непочитување на Законот од страна на работодавците. Ова го изјави претседателот на Унијата на независни и автономни синдикати во Македонија, Слободан Антевски, на семинарот „Предности и недостатоци од законски регулираната минимална плата и дали тоа влијае на квалитетот на работата“, што минатиот викенд се одржа во Струга.
„Нашата интенција е минималната плата да достигне до 50 проценти од просечната плата, но тоа не можам да го гарантирам во овој момент. Според податоците на Министерството за труд и социјална политика, Законот за минимална плата се почитува, но нашите податоци од терен го говорат спротивното. Тоа е многу закриена форма и се согласувам со ресорното министерство дека многу тешко се доаѓа до аргументиран пристап на тоа“, рече Антевски на семинарот, на кој учествуваат претставници на синдикати од Полска, Албанија, Црна Гора, Косово, Бугарија, Србија, Португалија, Турција, Словенија и од Македонија.
Почетокот за постигнување договор за минимална плата во Македонија, според него, бил многу тежок, бидејќи од бизнис- конфедерацијата, односно текстилната и чевларската индустрија, имало препреки.
Јозеф Мозолевски, претставник на Полскиот синдикат и на Европскиот центар за работнички прашања, појаснувајќи ги искуствата од неговата земја, истакна дека во Полска висината на минималната плата е 431 евро бруто, а за наредната година ќе се зголеми за шест проценти. „Однапред се носи договор за следната година колку ќе изнесува минималната плата. Годинава, Владата донесе одлука минималната плата да биде во износ поголем од договорениот меѓу социјалните партнери, односно за шест проценти повеќе од годинава и ќе изнесува 445 евра бруто“, изјави Мозолевски. Тој рече дека одлуката за износот на минималната плата е законски обврзувачка и доколку некои работодавци не ја почитуваат, ќе бидат предмет на судска постапка.