Минимално зголемување на кредитите во август

Bez autora
Sep 24 2017

Во текот на минатиот месец кредитите бележат минимално месечно зголемување. Кај домаќинствата има зголемување од 0,2 отсто, а кај корпоративниот сектор има намалување од 0,2 проценти. Кај домаќинствата најзастапени биле потрошувачките и станбените, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија. Кредитите во август бележат минимално месечно зголемување од 0,2 отсто, при што кредитниот раст кај домаќинствата го надминува намаленото кредитирање на корпоративниот сектор. Годишниот кредитен раст, кој изнесува 5,1 отсто во најголем дел, односно 89 отсто произлегува од растот на кредитите одобрени кај домаќинствата.

Минимално зголемување на кредитите во августВо текот на минатиот месец кредитите бележат минимално месечно зголемување. Кај домаќинствата има зголемување од 0,2 отсто, а кај корпоративниот сектор има намалување од 0,2 проценти. Кај домаќинствата најзастапени биле потрошувачките и станбените, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Кредитите во август бележат минимално месечно зголемување од 0,2 отсто, при што кредитниот раст кај домаќинствата го надминува намаленото кредитирање на корпоративниот сектор.

Годишниот кредитен раст, кој изнесува 5,1 отсто во најголем дел, односно 89 отсто произлегува од растот на кредитите одобрени кај домаќинствата.

На крајот на август кај вкупните кредити на домаќинствата е евидентиран месечен раст од 0,8 отсто, а годишен раст од 10 отсто. Притоа зголемената месечна и годишна кредитна активност кон домаќинствата во најголем дел е насочена во денарски пласмани со придонес кон растот од 87,8, односно 90,3 отсто.

Физичките лица најмногу зеле потрошувачки и станбени кредити. Месечниот раст кај потрошувачките изнесува 0,6, кај станбените 1,4 отсто, а годишниот раст изнесува 12,2 и 14,2 отсто.

Надолен тренд и натаму има кај автомобилските кредити кај кои месечното намалување изнесува 0,4, а годишниот 9,4 проценти.

Во текот на август кај кредитите одобрени на картички забележале месечен раст од 0,4 отсто, а на годишно ниво има намалување од 0,7 проценти. Кај негативните салда на тековните сметки овој месец е регистриран месечен раст од 1,3, годишен од 2,9 отсто, а кредитите одобрени врз други основи бележат месечно намалуваање од 0,4 отсто при годишен раст од 1,7 процент.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik