Министерството за финансии ја презема иницијативата за PayPal

Bez autora
Jul 16 2017

Министерството за финансии официјално ќе се обрати до PayPal за да ја отпочне постапката за воведување на услугата „прием на пари” во Македонија преку платежниот сервис PayPal. Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања. Ова е заклучокот од вчерашната работна средба во Министерството за финансии. Добро е да се почне со PayPal бидејќи овој сервис е широко распространет, нуди сигурност на купувачите и со тоа македонските производи и услуги стануваат поатрактивни, и може да се продава дури преку електронски пораки, изјави Венко Глигоров, водач на иницијативата за PayPal и управител на Логин Системи.

Министерството за финансии ја презема иницијативата за PayPalМинистерството за финансии официјално ќе се обрати до PayPal за да ја отпочне постапката за воведување на услугата „прием на пари” во Македонија преку платежниот сервис PayPal. Со ова ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања. Ова е заклучокот од  вчерашната работна средба во Министерството за финансии.  

„Добро е да се почне со PayPal бидејќи овој сервис е широко распространет, нуди сигурност на купувачите и со тоа македонските производи и услуги стануваат поатрактивни, и може да се продава дури преку електронски пораки”, изјави Венко Глигоров, водач на иницијативата за PayPal и управител на Логин Системи.

„На македонскиот претприемач треба да му биде едноставно и ефтино својот производ или услуга да ги понуди на светскиот пазар. Десетте најпопуларни веб решенија за електронска трговија во светот имаат можност за сервисот PayPal. Покрај воведувањето на услугата, институциите може да направат популаризација за овие можности во македонската економија”, додава тој.

На средбата која се одржа во Министерството за финансии, присуствуваа претставници од Министерството за финансии, Народната банка, министерствата за економија и информатичко општество и претставници од 4 деловни банки во Македонија. Банките потврдија спремност за воведување на оваа услуга. Регулативата на Народната банка на РМ нема ограничувања за користење на PayPal за продажни места во Македонија. И од Министерството за економија потврдија дека регулативата не спречува продажба и користење на PayPal за уплати.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik