"Минстрој" ќе ги враќа пробиштипските рудари од Србија

Bez autora
Apr 18 2016

Откако беа затворени рудниците „Злетово“ и „Тораница“ и беше воведен стечај врз нив, стотина рудари го напуштија најстариот рударски град во државата, Пробиштип и заминаа да работат во рудници во Србија. Таму, според некои процени, работат околу 300 рудари кои со квалификации за ова тешко занимање се стекнале во македонските рудници. Сега, откако бугарската компанија „Минстрој“ го доби концесиското право над двата рудника, едниот во Пробиштип, другиот во Крива Паланка, постои надеж дека овие рудари ќе се вратат дома.

"Минстрој" ќе ги враќа пробиштипските рудари од СрбијаОткако беа затворени рудниците „Злетово“ и „Тораница“ и беше воведен стечај врз нив, стотина рудари го напуштија најстариот рударски град во државата, Пробиштип и заминаа да работат во рудници во Србија.

Таму, според некои процени, работат околу 300 рудари кои со квалификации за ова тешко занимање се стекнале во македонските рудници. Сега, откако бугарската компанија „Минстрој“ го доби концесиското право над двата рудника, едниот во Пробиштип, другиот во Крива Паланка, постои надеж дека овие рудари ќе се вратат дома.

„Факт е дека е голем бројот на рудари од нашиот град кои заминаа на работа надвор од државата, главно во рудници во Србија. Така беше и пред 10 години кога рудниците не работеа, а така е и во последните седум месеци откако нашиот рудник ’Злетово‘ заедно со рудникот ’Тораница‘ престанаа со работа и беа воведени во стечај.

Ние во Пробиштип се надеваме дека новиот инвеститор ’Минстрој‘ ќе си остане на ветувањето и дека во еден оптимален рок ќе го подготви рудникот за нов живот и за враќање на рударите во него“, вели Тони Тоневски, градоначалик на Пробиштип.

Неодамна во Пробиштип престојувале Николај Валканов, сопственик на „Минстрој“ и извршниот директор Неделчо Бонев.

Според Тоневски, стручна екипа од бугарската компанија извршила инспекција на состојбата во која се наоѓа рудникот, а во моментов се вршеле анализи на мерките потребни за враќање на јамите во состојба која ќе им даде сигурност на рударите за време на работата, по што би се тргнало во производство на олово и цинк.

„Прочитавме дека новиот сопственик ќе ги врати на работа сите рудари и дека ќе вработи и нови, а бевме информирани и дека ќе ги покачел платите кои во времето на поранешниот инвеститор ’Индоминерали и метали‘ беа многу ниски и се движеа од 250 до 300 евра за рударите. Нам не ни останува ништо друго освен да се надеваме дека новиот сопственик ќе се држи до ветувањата, дека тука ќе дојде за да остане и да го работи рудникот подолго време, тој да профитира, а и ние, рударите и градот да имаме фајде од тоа“, ни рекоа рударите Борис и Гоце, кои ги сретнавме вчера на пазар во Пробиштип.

Факт е дека во рударските градови, поради неодговорни инвеститори кои доаѓаат и си заминуваат, има се' помалку рудари, зашто тие кои остануваат без работа среќата си ја бараат надвор од државата. И затоа станува се' потешко да се најдат квалификувани рудари на пазарот на трудот. Ако „Минстрој“ не опстои на ветеното и до средината на годината не создаде услови за почеток на производството, сигурно е дека и други рудари ќе си заминат од Пробиштип и од Крива Паланка.

„Новиот инвеститор вети дека ќе ги исплати заостанатите плати кои за вработените во двата рудника изнесуваат еден милион евра. Имаме доверба во него, зашто од разговорите заклучивме дека се работи за сериозна компанија која има искуство во менаџирање на рудниците и тоа успешно го прави“, вели Тоневски.

За Пробиштип нова надеж за поголема вработеност носи и изградбата на леарницата која ја гради штипска „Актива“ и која треба да биде готова до крајот на годинава. Се работи за руска инвестиција, а за леарницата ќе бидат потребни 250 работници.

Градоначалникот смета дека општината ќе го обезбеди тој број, затоа што стотина млади пробиштипјани секој ден одат на работа во штипска „Актива“, а можат многу бргу да се преквалификуваат за работа во леарницата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik