Некогашниот гигант во меѓународниот и внатрешен транспорт „Млаз“ од Богданци, кој е во стечај, има имот проценет на 432 милиони денари или околу 7 милиони евра. Ова беше кажано на испитното рочиште на Собранието на доверители што се одржа вчера во Основниот суд Велес. Стечајот во друштвото е отворен по барање на осигурителната компанија „Осигурување Македонија АД Скопје - Виена иншуренс груп“. Освен што друштвото располага со имот вреден 432 милиони денари, тоа има и големи долгови, кои стигнуваат безмалку во висина на вредноста на позитивата, односно долгува 426 милиони денари.
Некогашниот гигант во меѓународниот и внатрешен транспорт „Млаз“ од Богданци, кој е во стечај, има имот проценет на 432 милиони денари или околу 7 милиони евра. Ова беше кажано на испитното рочиште на Собранието на доверители што се одржа вчера во Основниот суд Велес.
Стечајот во друштвото е отворен по барање на осигурителната компанија „Осигурување Македонија АД Скопје - Виена иншуренс груп“.
Освен што друштвото располага со имот вреден 432 милиони денари, тоа има и големи долгови, кои стигнуваат безмалку во висина на вредноста на позитивата, односно долгува 426 милиони денари.
Најголеми доверители во „Млаз“ од Богданци во стечај се Комерцијална банка - Скопје и Министерството за финансии, преку Управата за јавни приходи, во висина на 19 отсто од побарувањата, кои имаат и различно право на дел од имотот и опремата, како и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија кој побарува 12 отсто од вкупните долгови поради неплатени придонеси за вработените.