ММФ: Фискална консолидација без одлагање

Bez autora
Nov 23 2016

Фискалната консолидација да почне без одлагање, а јавниот долг да се стабилизира на нивото под 50 проценти од бруто-домашниот производ. Ова е прецизната порака на Меѓународниот монетарен фонд кон Македонија, во најновиот извештај на Извршниот одбор за земјава. Од ММФ велат дека просторот на фискалната политика во земјава е исцрпен во голема мера, поради зголемувањето на ризиците. Брзиот пораст на долгот од 2008 година најмногу се должи на зголемувањето на примарните дефицити, поради комбинација од ниски даночни стапки и ниска ефикасност на наплатата на приходната страна, и неефикасноста во социјалната потрошувачка и субвенциите на расходната страна. За годинава се предвидува проширување во фискалниот дефицит до 4 отсто од БДП.

ММФ: Фискална консолидација без одлагањеФискалната консолидација да почне без одлагање, а јавниот долг да се стабилизира на нивото под 50 проценти од бруто-домашниот производ. Ова е прецизната порака на Меѓународниот монетарен фонд кон Македонија, во најновиот извештај на Извршниот одбор за земјава.

Од ММФ велат дека просторот на фискалната политика во земјава е исцрпен во голема мера, поради зголемувањето на ризиците. Брзиот пораст на долгот од 2008 година најмногу се должи на зголемувањето на примарните дефицити, поради комбинација од ниски даночни стапки и ниска ефикасност на наплатата на приходната страна, и неефикасноста во социјалната потрошувачка и субвенциите на расходната страна. За годинава се предвидува проширување во фискалниот дефицит до 4 отсто од БДП.

ММФ смета дека без да се преземат мерки, долгот на среден рок ќе порасне и до 55 отсто од БДП. „На среден рок, без мерки, севкупниот фискален дефицит е проектиран да остане околу 3 и пол проценти од БДП, додека јавниот долг би достигнал до речиси 55 проценти од БДП. Во меѓувреме, зголемувањето на трошоците за позајмување, зголемените потреби за финансирање во буџетот, како и последното деградирање на кредитниот рејтинг од страна на ’Фич‘, покренаа фискални ризици и на краток рок. Јавните финансии се соочуваат со долгорочни предизвици и поради стареењето на населението“, велат од Фондот.

Според монетарците, фискална консолидација треба да почне без одлагање, со цел да се стабилизира јавниот долг и неговата стапка да се сведе на нивото од под 50 отсто од БДП. „За 2016, со оглед на привремената влада и малку време што преостана од годината, се препорачува мала консолидација од 0,4 проценти од БДП, која треба да се потпираа на кратење на трошоците за стоки и услуги и наплата на заостанатите долгови на данокот на додадена вредност. За 2017 и 2018, пак, се препорачува консолидација на 1,25 проценти од БДП“, се вели во извештајот на ММФ. Јавниот долг се проектира да достигне речиси 48 отсто од БДП во оваа година.

Монетарците нагласуваат дека во последниве две години имало неуспех целосно да се реализираат капиталните расходи.

ММФ бара да се намалат трошоците за субвенции и трансфери. „На приходната страна тоа подразбира подигање на наплатата, особено онаа на ДДВ, и тоа со зајакнување на покриеноста, таргетирање на ризиците, подобрување на работата на Канцеларијата за големи даночни обврзници, како и воспоставување Единица за управување со ризици. На страната на трошоците, потребните заштеди ќе се обезбедат преку намалување на субвенциите и трансферите, заедно со поголема ефикасност во трошењето во здравството и образованието“, се вели во извештајот.

Од ММФ нагласуваат дека економијата на земјава доживеа голем број шокови во последните две години, вклучувајќи ја и пролонгираната политичка криза. За растот се вели дека досега растот покажал отпорност како резултат на приспособливите политики, ниските цени на производите, одржливите странски инвестиции и подобрувањето на пазарот на работна сила. Сепак, продолжената домашна политичка криза почнува да и го зема данокот на довербата, како и на перспективите на земјата за интеграција во Европската Унија. „Растот на БДП е проектиран да забави во 2016 година, но потоа повторно да оди по нагорна линија на среден рок, како ќе се враќа политичката стабилност. Претпоставувајќи избори во декември, што би било проследено со стабилност, растот се очекува да се подигне на 3,2 отсто во 2017, и тоа понатаму да продолжи на среден рок. Економските изгледи се соочуваат со голем број на други ризици и недостатоци, како што се забавувањето на надворешната побарувачка и обновување на финансиската криза во Грција“, наведуваат од бордот на ММФ.

За стапката на невработеност, пак, се наведува дека продолжува да опаѓа.

Кредитниот раст останува стабилен, особено за домаќинствата.

Тековната монетарна политика е соодветна, сметаат од ММФ. Политиката на ниска каматна стапка е соодветна. „Меѓутоа, во случај на притисоци врз девизниот курс или ризикот од одливот на депозити, можеби монетарната политика ќе треба да биде построга со зголемување на основната каматна стапка, заедно со построги макропрудентните политики“, велат од ММФ.

Банките се добро капитализирани и профитабилни. Ликвидноста во банкарскиот систем е доволна и според најновите стрес-тестови на НБМ, обезбедува силни начини како да ги издржи сериозните шокови.

„Напорите за намалување на високата структурна невработеност треба да продолжат. Придобивките од активните политики на пазарот на трудот и растот придонесоа вкупната стапка на невработеност да се намали за 10 процентни поени од 2008. Сепак, на 24 отсто, невработеноста и натаму е висока. Активните политики на пазарот на труд даваат плод и треба да се продолжи со нив, свесни за фискалните трошоци“, сметаат од ММФ. За политиките за привлекување на СДИ се смета дека придонесоа за нето-извозот и раст, но прелевањето во домашната економија е ограничено.

Повисоки придонеси, поголема возраст за пензионирање

ММФ и' препорачува на Владата да разгледа опција за зголемување на старосната граница за пензионирање. Се констатира дека пензискиот систем се соочува со значителна финансиска нерамнотежа поради стареењето на популацијата и намалување на придонесите. ММФ од Владата бара и зголемување на придонесите, а растот на пензиите да биде во согласност со трошоците на живот.

Од ММФ се децидни дека обезбедување на одржливост на пензискиот систем е важна среднорочна цел. И покрај реформите, пензискиот систем се соочува со значителни финансиски нерамнотежи поради стареењето на населението и намалување на стапката на придонес. „За да се обезбеди одржливост, властите се охрабруваат да се разгледа можноста за подигање на законската возраст за пензионирање, со оглед на големиот јаз со просекот на ЕУ, растот на пензиите да се усогласува најмногу со трошоци на живот во согласност со многу земји во ЕУ, спроведувањето на политиките за зголемување на учеството на работната сила, како и да се зголемат стапките на придонесите“, порачува ММФ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik