ММФ: Подобри изгледи за раст во 2016

Bez autora
Nov 15 2015

Македонија годинава ќе оствари економски раст од 3,2 отсто, исто колку и следната година. Истовремено, како што произлегува од извештајот на ММФ за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, кој беше објавен вчера, домашната побарувачка ќе се зголеми за 3,8 отсто годинава и 3,5 отсто идната, а извозот 7,7 отсто во 2015 година и 6,7 отсто во 2016 година. Прогнозите за Македонија се меѓу подобрите кај опфатените 22 земји за кои општата констатација е дека се на пат на усогласување на фискалната консолидација и растот. Економиите во земјите од Источна Европа, најверојатно ќе се вратат на патеката на среден раст наредната година, но ризиците се зголемија поради забавувањето во Кина и бегалската криза, соопшти вчера ММФ. Рецесијата во Русија ќе продолжи и наредната година, иако не со такво темпо како годинава. Просечниот раст на сите 22 земји ќе изнесува 1,3 отсто, прогнозира ММФ.

Македонија годинава ќе оствари економски раст од 3,2 отсто, исто колку и следната година. Истовремено, како што произлегува од извештајот на ММФ за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, кој беше објавен вчера, домашната побарувачка ќе се зголеми за 3,8 отсто годинава и 3,5 отсто идната, а извозот 7,7 отсто во 2015 година и 6,7 отсто во 2016 година. Прогнозите за Македонија се меѓу подобрите кај опфатените 22 земји за кои општата констатација е дека се на пат на усогласување на фискалната консолидација и растот.

„Економиите во земјите од Источна Европа, најверојатно ќе се вратат на патеката на среден раст наредната година, но ризиците се зголемија поради забавувањето во Кина и бегалската криза“, соопшти вчера ММФ. Рецесијата во Русија ќе продолжи и наредната година, иако не со такво темпо како годинава. Просечниот раст на сите 22 земји ќе изнесува 1,3 отсто, прогнозира ММФ.

Земјите од Централна Европа, исто така, треба да очекуваат помали субвенции од ЕУ наредната година, а дел од регионот ќе биде ранлив и поради слабото закрепнување во еврозоната. Некои од земјите, како Чешка и Словачка, дополнително, ќе ги чувствуваат последиците од скандалот со автомобилите на „Фолксваген“.

Македонија, како што покажува извештајот, е меѓу земјите кои ја задржаа непроменета стапката на ДДВ во изминатите седум години. За разлика од нашата земја, повеќе држави, како Србија, Црна Гора, Романија, Хрватска итн, беа принудени да ја зголемат стапката на ДДВ, со цел да ги анулираат ефектите од економската криза што се одразија врз намалување на приходите.

И покрај напорите за фискална консолидација, даночните стапки за профитите на компаниите се намалија во неколку земји. Просечната стапка на данокот на профит во анализираните земји е 15,9 отсто, наспроти 25 отсто во развиените европски земји. Во Македонија, како што е познато, оваа стапка изнесува 10 отсто.

Од друга страна, даноците на трудот остануваат високи и во просек изнесуваат 39,2 отсто, колку што е просечното даночно оптоварување (персоналниот данок на доход и придонесите за социјално осигурување) кои се повисоки во однос на развиените европски земји, каде што е 38,2 отсто. Кај нас, ова оптоварување е околу 33 отсто.

Фондот констатира дека земјите во ЈИ Европа се соочуваат со најголемата потреба да ги консолидираат буџетите, што треба да се направи преку намалувања на субвенциите и даночните олеснувања, како и реформи за социјални програми. Во просек буџетскиот дефицит во идната година во земјите од регионот ќе биде 2,9 отсто од БДП, што е подобрување во однос на годинава кога дефицитот ќе изнесува 3,7 отсто.

Економската криза од 2008 година предизвика и големи промени во прогнозите за долгорочниот раст на земјите од регионот. Според ММФ, зголемувањето на потенцијалниот раст е клучна среднорочна цел за земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа. Инаку, според ММФ, приливите на капитал во регионот се и, најверојатно, ќе останат значително под преткризните нивоа. Во исто време, многу од земјите се соочуваат со негативни демографски процеси. Во овој контекст, одржливи придобивки од продуктивноста се можни само преку структурни реформи насочени кон зголемување на улогата на приватниот сектор, како и поголема флексибилност на пазарот на производи и труд и забрзување на реструктурирањето на државните претпријатија-загубари, подобрување на ефикасноста на јавната администрација и судството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik