Мобилните оператори се споија и ги зголемија цените

Bez autora
Jun 09 2016

Граѓаните плаќаат повисоки цени за мобилни услуги и интернет, како резултат на спојувањето на мобилните оператори, констатирала Агенцијата за електронски комуникации. Македонија е единствената земја во Европа која има само два телекомуникациски оператори, за разлика од другите државни каде што во конкуренција се најмалку три мрежни и повеќе виртуелни оператори. Минатата година се споија „Македонски телеком“ и „Т- мобиле“, како и вториот и третиот оператор „Оне“ и „Вип“, кои заедно со кабелскиот „Близу“ од неодамна настапуваат како една компанија. Поради тоа, како што информираше денеска директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, Агенцијата минатата недела испратила 70 писма до реномирани мрежни оператори во светот и ги информирала за новите услови за влез на нашиот пазар.

Мобилните оператори се споија и ги зголемија ценитеГраѓаните плаќаат повисоки цени за мобилни услуги и интернет, како резултат на спојувањето на мобилните оператори, констатирала Агенцијата за електронски комуникации.

Македонија е единствената земја во Европа која има само два телекомуникациски оператори, за разлика од другите државни каде што во конкуренција се најмалку три мрежни и повеќе виртуелни оператори.

Минатата година се споија „Македонски телеком“ и „Т- мобиле“, како и вториот и третиот оператор „Оне“ и „Вип“, кои заедно со кабелскиот „Близу“ од неодамна настапуваат како една компанија.

Поради тоа, како што информираше денеска директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, Агенцијата минатата недела испратила 70 писма до реномирани мрежни оператори во светот и ги информирала за новите услови за влез на нашиот пазар.

Димитријоски посочи дека АЕК не ја прифаќа новата ситуација, која е неповолна за граѓаните и дека нема да дозволи тие за истите услуги да плаќаат повисоки суми.

„Како последица на спојувањата, операторите го искористија новосоздадениот потенцијал на пазарот за зголемување на цените. Три месеци по спојувањето, просечната цена за минута разговор, која ја плаќаат граѓаните, се зголеми за повеќе од 15 проценти. Она што е позагрижувачко е што во истиот период цената на мобилниот интернет порасна за 20 проценти“, рече Димитријоски.

Како што образложи Васка Петровиќ од Секторот за регулатива во АЕК, двата оператори ја намалиле понудата во пакетите за мобилен сообраќај СМС-пораки и пренос на податоци, но цените ги оставиле исти.

„Земајќи ги предвид приходите од поединечните услуги и месечната претплата расчленета на овие видови услуги вклучени во претплатата, констатиравме дека по спојувањето во првиот квартал годинава доаѓа до значително зголемување на цената за говор и за пренос на податоци во однос на истиот период лани“, рече Петровиќ.

По поместувањата на пазарот кои се случија лани, АЕК ги определила „Телеком“ и „Оне.Вип“ како оператори со значителна пазарна моќ и во согласност со тоа им доделила обврски за интерконекција и пристап и за контрола на цени. Изготвен е и правилник со кој се дефинираат разни видови виртуелни оператори и нивните односи со мрежните.

До крајот на месецов на двата оператори ќе им бидат одобрени референтните понуди со дефинирани услови и цени. На тој начин, сметаат во АЕК, потенцијалните виртуелни оператори ќе можат многу лесно да потпишат договори за користење на постојните мрежи.

„Нашата цел е јасна. Сакаме да ја поттикнеме конкуренцијата на пазарот на мобилната телефонија, со цел цените на услугите не само да се вратат на нивото пред спојувањето, туку прогресивно да се намалуваат“, посочи Димитријоски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik