Во јануари идната година ќе почне изградбата на фабриката на италијанската „Мотанте груп“ во ТИРЗ Скопје 1 - Бунарџик, првичната инвестиција ќе биде во вредност од 10 милиони евра. Се очекува објектите да бидат готови до крајот на мај или јуни наредната година по што ќе почне монтажата на опремата и обуката на лицата што ќе бидат вработени. Ова е потврдено со договорот за реализација на инвестицијата што вчера во Владата го потпишаа Клаудија Нидро од „Монтанте груп“ и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо. Во првата фаза е предвидено да бидат вработени 100 луѓе кои ќе бидат оспособени за производство со висока технологија. Се одлучивме да ја комплетираме оваа инвестиција не толку поради државната помош, туку заради вниманието што им го дава Владата на сите фирми кои инвестираат тука за развој, рече Антонио Монтанте, претседателот на „Монтанте груп“.
Во јануари идната година ќе почне изградбата на фабриката на италијанската „Мотанте груп“ во ТИРЗ Скопје 1 - Бунарџик, првичната инвестиција ќе биде во вредност од 10 милиони евра. Се очекува објектите да бидат готови до крајот на мај или јуни наредната година по што ќе почне монтажата на опремата и обуката на лицата што ќе бидат вработени.
Ова е потврдено со договорот за реализација на инвестицијата што вчера во Владата го потпишаа Клаудија Нидро од „Монтанте груп“ и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо. Во првата фаза е предвидено да бидат вработени 100 луѓе кои ќе бидат оспособени за производство со висока технологија. „Се одлучивме да ја комплетираме оваа инвестиција не толку поради државната помош, туку заради вниманието што им го дава Владата на сите фирми кои инвестираат тука за развој“, рече Антонио Монтанте, претседателот на „Монтанте груп“.
Тој претходно имаше средба со премиерот Никола Груевски, на која потенцирал дека причините што инвестирале во Македонија е што ќе бидат поддржани во процесот на истражување.
„Бевме на чекор во правење на инвестиција во една друга држава, но благодарение на Дирекцијата на ТИРЗ и атрактивноста што ни ја понудија тука, се решивме да дојдеме во Македонија. Изградбата на фабриката во Македонија не претставува едноставна инвестиција за државата, туку позитивен импакт на ноу-хау. Се работи за производство со висока технологија и затоа ќе обрнеме големо внимание на обуката на луѓето кои ќе бидат вработени“, нагласи Монтанте. Компанијата ќе произведува софистициран производ од најновата и најнапредната технологија и се очекува извозот веќе во првата фаза да надминува 30 милиони евра годишно. „Монтанте груп“ е една од првите три компании во Европа за производство на високо софистицирани амортизери за возови, шински возила, камиони и автобуси, а нивната компанија во Македонија ќе функционира под името „Јуроп шок апсорберс“ и веќе е регистрирана. Мултинационалната италијанска компанија има 2.300 вработени и годишен обрт од 800 милиони евра.