Можен раст на каматите на кредитите и на депозитите, по одлуката на НБМ

Bez autora
May 04 2016

Раст на каматите на кредитите за граѓаните и за деловните субјекти може да се очекува откако во вторникот на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Македонија, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, да биде зголемена за 0,75-процентни поени, од 3,25 на 4 отсто. Одлуката за затегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките, коишто во целост се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата, се коментира во соопштението на централната банка во врска со продолжената политичка криза во земјава и растот на побарувачката на девизи и зголеменото повлекување на валутните депозити од банките од страна на граѓаните.

Можен раст на каматите на кредитите и на депозитите, по одлуката на НБМРаст на каматите на кредитите за граѓаните и за  деловните субјекти може да се очекува откако во вторникот на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Македонија (НБМ), беше одлучено каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка, да биде зголемена за 0,75-процентни поени, од 3,25 на 4 отсто.

„Одлуката за затегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките, коишто во целост се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата“, се коментира во соопштението на централната банка во врска со продолжената политичка криза во земјава и растот на побарувачката на девизи и зголеменото повлекување на валутните депозити од банките од страна на граѓаните.

„Тие целосно се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата. Со тоа, промената на каматната стапка е одговор на дејствувањето на фактори од неекономска природа“, стои во соопштението од Народната банка.

Економските основи, сепак, се здрави и нема некои поголеми нерамнотежи во економијата, порачуваат во дописот од НБМ.

„Сите досегашни показатели упатуваат на солиден економски и кредитен раст, без ценовни притисоци и без притисоци во надворешниот сектор. Дефицитот во тековната сметка и натаму е умерен, со позитивни преносни ефекти од структурните промени во извозниот сектор и со доволно финансиски приливи за негово финансирање. Воедно, сите показатели за девизните резерви постојано покажуваат нивно соодветно ниво, што е доволно за справување со шокови“, велат од НБМ.

Каматната стапка од 3,25 отстои, за колку што досега банките запишуваа благајнички записи во македонската централна банка, беше историски најниската. Тоа доведе и до историско ниското ниво на каматите на депозитите и на кредитите од банките, тренд кој со ова одлука сега завршува.

„Во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи дополнителни промени во монетарната политика за целосно стабилизирање на состојбите и на очекувањата на економските субјекти, со цел успешно да се остваруваат целите на монетарната политика“, стои во соопштението на централната банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik