Можна ли е втора ТЕЦ „Неготино“?

Bez autora
May 16 2016

Дали во близината на термоцентралата „Неготино“, која работи на мазут, може да се изгради нова централа на јаглен? Тоа треба да го открие префизибилити-студијата за која Електрани на Македонија, ЕЛЕМ, имаат распишано јавен тендер за избор на консултант кој би ја подготвил. Целта на студијата е да ги истражи сите можности за изградба на ТЕЦ „Неготино 2“, која ќе го користи јагленот како енергенс, од потенцијално наоѓалиште во близина на Неготино. Тоа треба да има годишен капацитет од максимум 2 милиони тони јаглен кој ќе се експлоатира површински и под земја. Новата централа би била со моќност од 300 мегавати, што е повеќе од еден блок од РЕК „Битола“, а таа би произведувала годишно 2.000 гигават часови струја.

Можна ли е втора ТЕЦ „Неготино“?Дали во близината на термоцентралата „Неготино“, која работи на мазут, може да се изгради нова централа на јаглен? Тоа треба да го открие префизибилити-студијата за која Електрани на Македонија, ЕЛЕМ, имаат распишано јавен тендер за избор на консултант кој би ја подготвил.

Целта на студијата е да ги истражи сите можности за изградба на ТЕЦ „Неготино 2“, која ќе го користи јагленот како енергенс, од потенцијално наоѓалиште во близина на Неготино.

Тоа треба да има годишен капацитет од максимум 2 милиони тони јаглен кој ќе се експлоатира површински и под земја. Новата централа би била со моќност од 300 мегавати, што е повеќе од еден блок од РЕК „Битола“, а таа би произведувала годишно 2.000 гигават часови струја.

„Консултантот треба да предложи оптимална варијанта за локацијата на ТЕЦ ’Неготино 2’, притоа имајќи ги предвид карактеристиките на местоположбата на рудникот од каде што би се вршеле ископот и транспортот на јаглен, како и приклучокот на електроенергетскиот систем“, велат од ЕЛЕМ.

Додаваат дека студијата треба да биде готова до крајот на годинава, а како краен резултат да произлезе прифатлива производствена цена на електричната енергија за време на целиот работен век од најмалку 30 години. Односно, цената на струјата што ќе се произведува во новата централа да не се разликува многу од цените од другите капацитети на ЕЛЕМ.

Покрај тоа, документот за ТЕЦ „Неготино 2“ треба да има и анализи за влијанието врз животната средина, да е во согласност со национални регулативи, закони и правилници од областа на Законот за животна средина, како и со ЕУ-директивите за големи индустриски капацитети.

Од ЕЛЕМ информираат дека во изминатите години имаше низа истражувања за нови енергетски извори од домашни ресурси на јаглен и за изградба на нови капацитети. Во тој контекст се и истражувањата за наоѓалишта на лигнит и на јаглен кај Неготино, за што уште во 2010 година е изработена физибилити-студија.

„Таа студија ја изработи Факултетот за природни и технички науки во Штип, а резултатите за потенцијалните резерви и за својствата на јагленот ќе бидат основа за одредување на моќноста на новата термоцентрала кај Неготино“, објаснуваат од ЕЛЕМ.

Инаку, постојната ТЕЦ „Неготино“ од 1978 година работи на скап енергенс, мазут, што ја прави неконкурентна на пазарот поради високата цена на произведен киловат час струја. На пример, сегашната цена на килограм мазут е 14,4 денари за килограм, а за едномесечно работење на еден блок од ТЕЦ „Неготино“ се потребни околу 600 тони мазут.

Токму затоа, во изминатите години, термоцентралата се чуваше како „ладна резерва“ и речиси и не работеше, а се пушташе само во исклучителни случаи на криза од недостиг на струја, како што беше пролетта 2008 година. Од тогаш термоцентралата не работи.

Експертите и државните институции подолго време нагласуваат дека треба да се извршат промени во изборот на енергенсот, со цел ТЕЦ „Неготино“ да работи рентабилно. Притоа, покрај гасот, како алтернатива, имало студии централата да почне да користи јаглен.

Идејата за термоцентралата да работи на гас се' уште не е напуштена и се спомнува во рамки на започнатата гасификација на земјава, односно со реализација на гасификацијата на Кавадарци, Прилеп и Битола и изградбата на гасоводниот крак до Неготино.

Во 2006 и 2007 година беа објавени два јавни тендери за продажба на ТЕЦ „Неготино“, но тие завршија без успех, и покрај големата заинтересираност на странските компании. Притоа, покрај висината на инвестицијата, во тендерите услов беше и сопственикот да изгради уште еден капацитет во близина на постојната централа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik