Можности за економско поврзување на Македонија и Израел

Bez autora
Sep 03 2017

Република Македонија и Република Израел немаат отворени прашања. Постои искрено пријателство меѓу двете земји, но и меѓу граѓаните на двете држави. Затоа има можности за интензивирање на соработката, констатирано е на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Израел, Руевен Ривлин. Израелскиот претседател Ривлин ги поздрави демократските промени во Македонија и реформските определби на новата Влада, коишто отвораат можности за односите меѓу двете земји. Владата е насочена да обезбеди квалитетен живот на граѓаните и мотивација младите да останат да работат и живеат во родната земја. Интеграциите во ЕУ и НАТО и продлабочувањето на односите со пријателските држави, како со Израел, многу ќе придонесе кон тоа, рече премиерот Заев. Тој додаде дека искуствата на Израел на безбедносен и економски план се драгоцени и дека ќе бидат земени предвид од новата Влада во Македонија. На средбата е изразена заедничка определба за активности кон заштита на светскиот мир. Исто така договорени се чекори кон економско поврзување на двете земји.

Можности за економско поврзување на Македонија и ИзраелРепублика Македонија и Република Израел немаат отворени прашања. Постои искрено пријателство меѓу двете земји, но и меѓу граѓаните на двете држави. Затоа има можности за интензивирање на соработката, констатирано е на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Израел, Руевен Ривлин.

Израелскиот претседател Ривлин ги поздрави демократските промени во Македонија и реформските определби на новата Влада, коишто отвораат можности за односите меѓу двете земји.

„Владата е насочена да обезбеди квалитетен живот на граѓаните и мотивација младите да останат да работат и живеат во родната земја. Интеграциите во ЕУ и НАТО и продлабочувањето на односите со пријателските држави, како со Израел, многу ќе придонесе кон тоа“, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека искуствата на Израел на безбедносен и економски план се драгоцени и дека ќе бидат земени предвид од новата Влада во Македонија. На средбата е изразена заедничка определба за активности кон заштита на светскиот мир. Исто така договорени се чекори кон економско поврзување на двете земји.

Во македонската владина делегација која што е во посета на Израел се заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик претседателот на Владата за економски прашања Кочо Анѓушев, како и министрите за економија, Крешник Бектеши и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik