Од 50 до 90 проценти е мрзнењето од пролетните ниски температури кај лозовите насади во кавадаречко Сопот, информира Васко Керов, претседател на Општинската комисија за процена на штети при кавадаречката локална самоуправа. Се работи за поголемо оштетување од мрзнење. Кај овошните видови, како кајсии, сливи и праски, оштетувањето е од 80 до 100 отсто. Површините кај кои има мрзнење се главно до реката. На земјоделските површини кои не се покрај река, речиси и нема мрзнење, појасни Керов.
Од 50 до 90 проценти е мрзнењето од пролетните ниски температури кај лозовите насади во кавадаречко Сопот, информира Васко Керов, претседател на Општинската комисија за процена на штети при кавадаречката локална самоуправа.
„Се работи за поголемо оштетување од мрзнење. Кај овошните видови, како кајсии, сливи и праски, оштетувањето е од 80 до 100 отсто.
Површините кај кои има мрзнење се главно до реката. На земјоделските површини кои не се покрај река, речиси и нема мрзнење“, појасни Керов.
Тој информира дека 44 земјоделци од Сопот пријавиле штети од мрзнење, откако Општината со јавен повик ги повика да пријават сите кои претрпеле последици од невремето.
Само кај еден земјоделец, според Керов, штетата била на поголема површина, кај преостанатите се работело за штети на површина од 1 до 10 декари.