На 100 домашни компании ќе им биде доделена државна помош од 9,2 милиони евра, соопшти на прес-конференција претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши. Пред новинарите тројцата денеска ги промовираа договорите за доделување државна помош на компании од првиот и вториот столб на планот за економски раст во согласнос со Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Одлуките за склучување договори со речиси 100 домашни компании ги донесе Владата на вчерашната седница, од каде што посочија дека фирмите ги исполнуваат условите за финансиска поддршка од првиот и вториот столб од планот за економски раст како државна помош за инвестициите што компаниите ги направиле во 2017 година.
На 100 домашни компании ќе им биде доделена државна помош од 9,2 милиони евра, соопшти на прес-конференција претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Пред новинарите тројцата денеска ги промовираа договорите за доделување државна помош на компании од првиот и вториот столб на планот за економски раст во согласнос со Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Одлуките за склучување договори со речиси 100 домашни компании ги донесе Владата на вчерашната седница, од каде што посочија дека фирмите ги исполнуваат условите за финансиска поддршка од првиот и вториот столб од планот за економски раст како државна помош за инвестициите што компаниите ги направиле во 2017 година.
Сите компании заедно имаат околу 14.000 вработени, а само во 2017 година отвориле над 1.000 нови работни места, велат од Владата. По исполнување на своите обврски, тие ќе добијат вкупна помош од 9,2 милиони евра.
„Првпат во историјата на Македонија државата определува значајни буџетски средства како поддршка за успешното работење на компаниите, првпат домашните компании добиваат помош под исти услови како и странските и првпат оваа државна политика се регулира преку закон. За таа цел Владата само за оваа година определи нешто повеќе од 20 милиони евра финансиска поддршка за големите, малите, средните и микрокомпаниите според сите три столба од планот за економски раст. Тоа е 100 пати поголема директна државна поддршка од порано“, рече Заев.
Потенцирајќи дека и оваа мерка ќе придонесе за враќање на парите назад кон стопанството и кон граѓаните, премиерот истакна дека разните субвенции и програми за вработување враќаат назад кон домашното стопанство и граѓаните повеќе од 70 милиони евра.
„Македонската економија се движи во вистинскиот правец и ваквите инвестиции за домашната економска клима ќе значат нови работни места, повисоки плати и подобар животен стандард. Последните објавени податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека имаме рекорден раст на индустриското производство во јуни 2018 од 12,1 отсто во споредба со јуни 2017. Втората важна работа е тоа што платите растат. Просечната исплатена плата во мај 2018 забележува раст од 7,1 отсто во однос на истиот месец лани. Тоа значи дека вработените добиваат 1.600 денари повисока месечна просечна плата од порано“, додаде Заев.
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, потсети дека во согласност со Законот за финансиска поддршка на инвестициите компаниите што имаат остварено повисоки приходи и имаат ист или зголемен број вработени во 2017 година во споредба со трите претходни години имаат право да аплицираат за финансиска поддршка.
Тој порача дека е задоволен што 100-ина компании од 30 града и населени места во цела Македонија ги исполниле условите и дека повеќето од компаниите за кои се донесени одлуки за склучување договори за државна поддршка се мали компании.
„Најголем број се од Скопје, односно 28 компании, а по 7 компании има од Битола, Кочани и од Струмица, по 6 од Куманово и Прилеп, а од Охрид и Штип се 4 компании. Дека законот важи еднакво за сите, покажува дека и компании од помалите места добиваат иста шанса, па така и од општина Боговиње утврдено е дека 4 компании исполнуваат услови за склучување договор за финансиска поддршка. Најголем број компании се мали, дури 49, потоа следуваат средните компании – 32 и 19 се големи фирми“, дополни Анѓушев.
На прес-конференцијата министерот за економија, Крешник Бектеши, истакна дека за сите видови финансиска поддршка, покрај склучениот договор, компаниите треба да достават уште неколку документи, како што се годишна сметка и финансиски извештај за претходната година и консолидирана годишна сметка и консолидиран финансиски извештај за претходната година доколку деловниот субјект составува и објавува ваков вид извештаи, потврда од Централниот регистар на Република Македонија дека над деловниот субјект не е отворена стечајна постапка не постара од 60 дена, како и уште некои други документи, со што ќе се заокружи постапката за исплата на средствата на компаниите на кои им се одобрени проектите во согласност со Законот за финансиската поддршка.