На двата аеродроми за 9 месеци поминале 1,1 милиони патници

Bez autora
Oct 10 2015

На двата македонски аеродроми, скопскиот ,,Александар Велики’’ и охридскиот ,,Св. Апостол Павле’’, во првите девет месеци годинава поминале 1.183.728 патници, што е зголемување од 20 проценти, споредено со истиот период минатата година. Од јануари до септември, реализирани се 11.695 летови, што е пораст за 10 проценти. Најфрекфентна дестинација од „Александар Велики“ и натаму е Истанбул со 14,4 проценти пазарен удел во вкупниот сообраќај. На второ место е Цирих, а следуваат Виена, Малме, Базел и Лондон. Меѓу авиокомпаниите, „Виз ер“ има пренесено најголем број патници во овој период со 49 проценти пазарен удел, а по него следуваат „Туркиш ерлјанс“’, „Аустриан ерлајнс“, „Пегасус ерлајнс“, „Ер Србија“ и „Еделвејс“.

На двата македонски аеродроми, скопскиот ,,Александар Велики’’ и охридскиот ,,Св. Апостол Павле’’, во првите девет месеци годинава поминале 1.183.728 патници, што е зголемување од 20 проценти, споредено со истиот период минатата година. Од јануари до септември, реализирани се 11.695 летови, што е пораст за 10 проценти.

Најфрекфентна дестинација од „Александар Велики“ и натаму е Истанбул со 14,4 проценти пазарен удел во вкупниот сообраќај. На второ место е Цирих, а следуваат Виена, Малме, Базел и Лондон. Меѓу авиокомпаниите, „Виз ер“ има пренесено најголем број патници во овој период со 49 проценти пазарен удел, а по него следуваат „Туркиш ерлјанс“’, „Аустриан ерлајнс“, „Пегасус ерлајнс“, „Ер Србија“ и „Еделвејс“.

Според Зоран Крстевски, генерален директор на „ТАВ Македонија“, од следната година на нашите аеродроми може да се очекува и белгискиот туроператор „Томас Кук“. Во моментов ТАВ има потпишано преддоговор со операторот, а првите патници може да се очекуваат следното лето.

Крстевски посочи дека последните месеци, покрај зголемениот број на македонските патници и туристите, скопскиот аеродром „Александар Велики“ с` повеќе е интересен и за граѓаните од соседните земји, како од Косово, од Албанија и од Јужна Србија, што го позиционира како главен центар меѓу аеродромите во регионот. Се очекува трендот на зголемување на сообраќајот на аеродромите да продолжи и натаму, како резултат на новите 8 линии кои се воведоа годинава, од Скопје за Женева, Фридрихсхафен, Осло, Барселона, Хамбург и Нинберг, како од Охрид за Лондон и Базел.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik