На саемот „Купи куќа, купи стан“, што ќе се одржува од 29 октомври до 1 ноември во „Скопје сити мол“, становите ќе се нудат со големи попусти. Од она што може да се забележи на „Фејсбук“ страницата на „Сити мол“ за времетраење на саемот станбениот квадрат ќе биде поевтин дури за 200 евра. Така се нудат станови во Кисела Вода, кои од 1.100 евра се намалени на 900 евра за квадратен метар, потоа станови во Тафталиџе, кои ќе се нудат за 900 наместо за 1.050 евра квдарат, како и во Аеродром кај „Американ колеџ“ за 836 евра за квадрат. Уште поевтини се становите што се продаваат во Ченто за 770 евра за квадратен метар.
На саемот „Купи куќа, купи стан“, што ќе се одржува од 29 октомври до 1 ноември во „Скопје сити мол“, становите ќе се нудат со големи попусти. Од она што може да се забележи на „Фејсбук“ страницата на „Сити мол“ за времетраење на саемот станбениот квадрат ќе биде поевтин дури за 200 евра.
Така се нудат станови во Кисела Вода, кои од 1.100 евра се намалени на 900 евра за квадратен метар, потоа станови во Тафталиџе, кои ќе се нудат за 900 наместо за 1.050 евра квдарат, како и во Аеродром кај „Американ колеџ“ за 836 евра за квадрат. Уште поевтини се становите што се продаваат во Ченто за 770 евра за квадратен метар.
На саемот „Купи куќа, купи стан“ ќе учествуваат претставници од Министерството за финансии кои ќе појаснуваат како може да се искористат субвенциите од проектот, како и претставници од банките вклучени во проектот, кои ќе можат да направат конкретна пресметка за станбениот кредит. На саемот ќе бидат присутни и градежните компании со конкретна понуда на станови.