На шест месеци укината увозната давачка за свинско месо

Bez autora
May 09 2018

Министерството за економија предложи, а Владата на денешната 67. седница, ја усвои одлуката за привремено укинување на увозната давачка – специфичната и царинската стапка по вредност за замрзнато свинско месо и други производи од свинско. Предлогот се однесува на временски период од шест месеци, а количините се утврдени на ниво од 50 отсто од утврдените потреби за суровини на домашната индустрија од страна на Стопанската комора на Република Македонија, Групацијата за производство на месо и преработки од месо, врз основа на фактурираната и наплатена реализација во претходната година, се наведува во владиното соопштение.

На шест месеци укината увозната давачка за свинско месоМинистерството за економија предложи, а Владата на денешната 67. седница, ја усвои одлуката за привремено укинување на увозната давачка – специфичната и царинската стапка по вредност за замрзнато свинско месо и други производи од свинско.

„Предлогот се однесува на временски период од шест месеци, а количините се утврдени на ниво од 50 отсто од утврдените потреби за суровини на домашната индустрија од страна на Стопанската комора на Република Македонија, Групацијата за производство на месо и преработки од месо, врз основа на фактурираната и наплатена реализација во претходната година“, се наведува во владиното соопштение.

Со оваа предлог-одлука се очекува да се зголеми конкурентноста на домашната индустрија на преработки од месо, а со тоа да се зголемат производството и извозот на преработки од месо и да се зголеми бројот на вработени во домашната индустрија за месо.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik