На што се должи падот на невработеноста

Bez autora
Apr 03 2017

Cо брзи чекори Македонија ја намалува невработеноста, од квартал во квартал, од година во година. На падот на процентите навистина би можеле да ни позавидат повеќе европски земји. Според податоците на Државниот завод за статистика, ДЗС, во последниве 5 години стапката на невработеност паднала за фантастични 8,7 процентни поени. Поточно, ако во четвртиот квартал од 2011 година стапката изнесувала 31,8 проценти, во истиот период лани таа достигна 23,1 процент. Стапката на невработеност во цела 2016 година, пак, според најновите податоци на ДЗС, изнесувала 23,7 отсто, што е помалку за 2,4 отсто во споредба со 2015 година. Или, за една година бројот на невработени се намалил од 248.933 на 225.049, или за 23.884 помалку.

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА НЕВРАБОТЕНОСТАCо брзи чекори Македонија ја намалува невработеноста, од квартал во квартал, од година во година. На падот на процентите навистина би можеле да ни позавидат повеќе европски земји. Според податоците на Државниот завод за статистика, ДЗС, во последниве 5 години стапката на невработеност паднала за фантастични 8,7 процентни поени.

Поточно, ако во четвртиот квартал од 2011 година стапката изнесувала 31,8 проценти, во истиот период лани таа достигна 23,1 процент. Стапката на невработеност во цела 2016 година, пак, според најновите податоци на ДЗС, изнесувала 23,7 отсто, што е помалку за 2,4 отсто во споредба со 2015 година. Или, за една година бројот на невработени се намалил од 248.933 на 225.049, или за 23.884 помалку.

Иако станува збор за официјални статистички бројки, сепак, многумина се прашуваат, дали навистина на пазарот се случува толкав бум од нови вработувања, или можеби падот на невработеноста повеќе се должи на заминувања во странство на македонските граѓани, како и на заострените процедури и „чистењето“ на списоците во Агенцијата за вработување на лицата кои нередовно се пријавуваат. 

Според надлежните, секоја година се вработуваат по неколку илјади лица како резултат на државните субвенции што им се даваат на компаниите, како и со парите за отворање сопствен бизнис и вработувањата во странските компании. 

Од друга страна, економските експерти, како и бизнисмените, изразуваат сомнеж во реалноста на процентите за падот на невработеноста. Тие посочуваат дека нема економска логика државата да вработува и за административните мерки за вработување да се трошат годишно по десетици милиони евра од буџетската каса. Според експертите, пазарот е тој што треба да ја диктира потребата од работна сила, односно компаниите треба сами да проценат дали ќе инвестираат во нови работни места, зависно од резултатите во работење. 

Инаку, на крајот на минатата година бројот на невработените во државава изнесувал 225.049 лица, при што најмногу немале работа лицата на возраст меѓу 25 и 49 години. Нив ги имало 143.537 и оттаму кај ова работоспособно население е измерена и највисока стапка на невработеност од 63,8 отсто. Исто така, според ДЗС, најголемиот дел од вработените во државава биле вработени во приватниот сектор. Или, од 723.550 вработени во 2016 година, дури 555.894 работеле во компании во приватна сопственост, а најмногу во преработувачката индустрија, 136.376. 

Сепак, и покрај позитивните податоци за невработеноста, од друга страна е фактот дека Македонија беше и е на врвот на скалата на невработеноста, како во Европа, така и во споредба со соседните држави. На пример, просечната невработеност во земјите од еврозоната во јануари годинава изнесувала 9,6 проценти. Од соседството, пак, поголема невработеност од нас имаат само Косово и Босна и Херцеговина, каде што на крајот на минатата година стапките изнесувале 26 отсто, односно 27,5 отсто. Во Хрватска била измерена стапка од 12,1 отсто, во Србија од 13,8, во Албанија од 14,7, а во Црна Гора од 16,9 отсто. Најниска невработеност имало во Словенија, 7,3 отсто. 

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik