Странските компании што работат во индустриските зони во Македонија имаат потреба од голем број на квалификуван физички работници кои ги нема на пазарот на труд и тоа претставува сериозен проблем во нивното работење. Според претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер, резултатите од истражувањето на Комората, на кое одговориле 40 компании, покажало дека минатата година компаниите имале потреба од 500 квалификувани физички работници, а имале проблем да обезбедат половина од нив. Имајќи предвид дека квалификуваните физички работници пополнуваат дури 90 проценти од работните позиции што се клучни за функционирањето на овие компании, тоа значи дека во следните три години тие ќе имаат потреба од 4.000 до 6.000 вакви работници, истакна Петер, на вчерашната тркалезна маса на тема „Средно стручно образование по мерка на приватниот сектор – можности за развој на македонската економија“, што се одржа во Стопанската комора на Македонија.
Странските компании што работат во индустриските зони во Македонија имаат потреба од голем број на квалификуван физички работници кои ги нема на пазарот на труд и тоа претставува сериозен проблем во нивното работење.
Според претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер, резултатите од истражувањето на Комората, на кое одговориле 40 компании, покажало дека минатата година компаниите имале потреба од 500 квалификувани физички работници, а имале проблем да обезбедат половина од нив.
„Имајќи предвид дека квалификуваните физички работници пополнуваат дури 90 проценти од работните позиции што се клучни за функционирањето на овие компании, тоа значи дека во следните три години тие ќе имаат потреба од 4.000 до 6.000 вакви работници“, истакна Петер, на вчерашната тркалезна маса на тема „Средно стручно образование по мерка на приватниот сектор – можности за развој на македонската економија“, што се одржа во Стопанската комора на Македонија.
Тој додаде дека недоволно квалификуваната работна сила станува се' поголем проблем и ситуацијата е веќе алармантна, а е предоцна да се реагира.
„Постои итна потреба за ефикасни мерки, во спротивно компаниите ќе имаат проблеми со оперативните и секојдневните работи. Повеќе од 60 проценти од компаниите не се задоволни од квалитетот на физичката работна сила на пазарот на трудот и вработуваат помалку квалификувани кадри. За реформите е потребно време, а бизнисот тоа време го мери во часови“, изјави Петер.
Според него, еден од најголемите проблеми во моментот е како да се смени свеста кај младите луѓе и кај државата дека, ако си менаџер, другите треба да работат за тебе, што не се покажува како точно во практиката.
Од Советот на странски инвеститори предлагаат во средните стручни училишта еден ден во неделата да се изведува практична настава и секоја образовна година тој број на часови да се зголемува.
Како што беше истакнато, реформите во образованието и наставните програми мора да ги следат потребите на стопанството со цел приватниот сектор што побрзо да ги почувствува бенефитите. Потребна е професионална ориентација на учениците уште во основното образование и промоција на средните стручни училишта и занимања.
Според учесниците на трибината, едно од можните решенија е воведување на дуалниот систем на средно стручно образование или „учење преку работа“. Вакви системи веќе функционираат во повеќе земји како Германија, Австрија, Швајцарија.