Повеќе од 100 милиони евра годишно им се ставени на располагање на домашните фирми, преку кредитните линии на Македонската банка за поддршката на развојот (МБПР), Фондот за иновации и технолошки развој и програмите за самовработување на Агенцијата за вработување. Веќе се обезбедени се средства од 350 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ), што е најголема кредитна линија досега пласирана во земјава. Претходните вакви линии изнесувале само по неколку милиони евра. Досега од оваа кредитна линија се искористени 319 милиони евра од 1.583 мали и средни претпријатија кои овие пари ги инвестираа во исто толку проекти и со тоа отворија 6.441 работно место, истакна во саботата вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Повеќе од 100 милиони евра годишно им се ставени на располагање на домашните фирми, преку кредитните линии на Македонската банка за поддршката на развојот (МБПР), Фондот за иновации и технолошки развој и програмите за самовработување на Агенцијата за вработување. Веќе се обезбедени се средства од 350 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ), што е најголема кредитна линија досега пласирана во земјава. Претходните вакви линии изнесувале само по неколку милиони евра.
„Досега од оваа кредитна линија се искористени 319 милиони евра од 1.583 мали и средни претпријатија кои овие пари ги инвестираа во исто толку проекти и со тоа отворија 6.441 работно место“, истакна во саботата вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Преку МБПР на домашните фирми имсе на располагање повеќе кредитни линии од околу 50 милиони евра годишно, со субвенционирана каматна стапка за купување на опрема и машини. Постои и пакет на кредитни линии за финансирање на изградба на градинки и пензионерски домови, како и пакет за финансирање на купување и адаптација на мали сместувачки капацитети до 50 легла.
Преку програмите за самовработување на Агенцијата за вработување, исто така, се пласираат пари кај фирмите. При тоа, се обезбедува можност за кредит од 3.000 евра, односно до 5.000 евра, во зависност од дејноста на бизнисот со грејс-период од 12 месеци и период на враќање од 48 месеци.