Над 300 милиони евра ќе се инвестира во 3 рудници за бакар

Bez autora
Apr 12 2011

Состојбата во македонското рударство по кризната 2009 година значително се подобрува, бидејќи годинава се очекува да бидат произведена околу 15,5 милиони рудна маса. Споредено со кризната година кога се произведени само 6 милиони рудна маса, порастот е речиси за 2,5 пати. Според Николајчо Николов, директор на Бучим и претседател на Македонската асоцијација за рударство при Стопанската комора на РМ, рударскиот сектор е во подем, за што Министерството за економија додели околу 300 концесии за детални геодетски истражувања, од кои 3 концесии за отворање на нови рудници за бакар. Николов појаснува дека по 20 години во земјава се подготвува значајна инвестиција во рударскиот сектор вредна околу 300 милиони евра. Нови рудници за бакар, за две до три години, ќе има во реонот на Струмица, Пехчево и Радовиш, при што најголемата инвестиција ќе биде во рудникот во Струмица, а во пехчевскиот регион инвестицијата ќе достигне 100 милиони евра, додека во Радивиш околу 70 милиони евра.

Над 300 милиони евра ќе се инвестира во 3 рудници за бакарСостојбата во македонското рударство по кризната 2009 година значително се подобрува, бидејќи годинава се очекува да бидат произведена околу 15,5 милиони рудна маса.

Споредено со кризната година кога се произведени само 6 милиони рудна маса, порастот е речиси за 2,5 пати.

Според Николајчо Николов, директор на Бучим и претседател на Македонската асоцијација за рударство при Стопанската комора на РМ, рударскиот сектор е во подем, за што Министерството за економија додели околу 300 концесии за детални геодетски истражувања, од кои 3 концесии за отворање на нови рудници за бакар. Николов појаснува дека по 20 години во земјава се подготвува значајна инвестиција во рударскиот сектор вредна околу 300 милиони евра.

- Нови рудници за бакар, за две до три години, ќе има во реонот на Струмица, Пехчево и Радовиш, при што најголемата инвестиција ќе биде во рудникот во Струмица, а во пехчевскиот регион инвестицијата ќе достигне 100 милиони евра, додека во Радивиш околу 70 милиони евра - вели Николов. Тој нагласува дека ова ќе биде добро за домашната економија, оти ќе се овозможат и нови вработувања.

Николов најави дека годинава, на Денот на рударството 28 август, се отвара нов капацитет, со што во земјава за прв пат ќе стартува производството на чист бакар.

- Инвестицијата е вредна 12 милиони евра, а годишно ќе се произведуваат од 2,5 до 3 милиони евра чист бакар и ќе се обезбедат околу 60 нови вработувања - нагласува Николов. Тој информира дека во Бучим искористеноста на работното време е 95%, при што се произведуваат околу 4,3 милиони тони. Според него во моментов цените на бакарот на светските берзи е прилично поволна и достигнува над 9.000 долари за тон.

- За доброто работење на Бучим заслуга има и годишното производство на 400 килограми злато, оти во моментов грам злато на берзите чини 45 долари - тврди Николов.

Тој информира дека ресорното министерство располага со шест инспектори кои се постојано на теренот и ја контролираат бесправната експлоатација на минералните суровини.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik