Над 600 милиони евра од ЕУ фондовите треба да станат достапни следната година

Bez autora
Jun 09 2015

Околу 665 милиони евра треба да станат достапни од ИПА II инструментот на Европската унија од наредната година за проекти од повеќе области откако ќе биде рафтификувана Рамковната спогодба за ИПА II, која денеска ја разгледуваше собраниската Комисија за европски прашања. Откако Собранието на Република Македонија ќе ја ратификува, до крајот на годината треба да биде потпишана и финансиската спогдба по која средствата треба да станат достапни од почетокот на идната година. Ова е една од клучните активности која од правен аспект ќе овозможи влез на предвидените 664,5 милиони евра кои треба да се реализираат во Македонија за различни приоритети поврзани со процесот на евроинтеграцијата, рече во образложението државниот секретар во Секторот за европски прашања Орхидеја Каљошевска.

Над 600 милиони евра од ЕУ фондовите треба да станат достапни следната годинаОколу 665 милиони евра треба да станат достапни од ИПА II инструментот на Европската унија од наредната година за проекти од повеќе области откако ќе биде рафтификувана Рамковната спогодба за ИПА II, која денеска ја разгледуваше собраниската Комисија за европски прашања. Откако Собранието на Република Македонија ќе ја ратификува, до крајот на годината треба да биде потпишана и финансиската спогдба по која средствата треба да станат достапни од почетокот на идната година.

- Ова е една од клучните активности која од правен аспект ќе овозможи влез на предвидените 664,5 милиони евра кои треба да се реализираат во Македонија за различни приоритети поврзани со процесот на евроинтеграцијата, рече во образложението државниот секретар во Секторот за европски прашања Орхидеја Каљошевска.

Очекуваме, додаде таа, да ја добиеме финасиска спогодба за 2014, која не се ратификува, и до крајот на годината да биде потпишана за, како што посочи, да можат проектите да ја видат светлината на денот на почетокот на наредната година.

Проектите за кои ќе можат да се добијат средства од ИПА II инструментот се однесуваат на реформите во подготовките за членство во ЕУ и сродните институции, социоекономски и регионален развој, вработување и социјална политика, образование, унапредување на родова еднаквост и развој на човечки ресурси, земјоделство и рурален развој и регионална и територијална политика.

Членовите на Комисијата дадоа поддршка за Спогодбата, но притоа посочија дека е потребно да се направат напори од сите аспекти за да се зголеми искористеноста на средствата.

Не е дозволиво, рече Нора Алити од ДУИ, уште еднаш да се случи да се искористат помалку од половина од средствата кои може да се добијат. Во периодот од 2007 до 2013 година, додаде, за Македонија преку ИПА I биле наменети 614,2 милиони евра, од кои биле искористени нешто повеќе од 40 проценти.

Мислам, рече таа, дека е потребно Секретаријатот не само на крајот од периодот, туку секоја година пред Комисијата за европски прашања да информира за искористеноста на овие средства и воопшто за целиот процес.

Кенан Хасипи од Демократската партија на Турците во Македонија смета дека е неопходно да се зајакнат капацитетите на администрацијата за поефикасно користење на средствата. Притоа, рече, потребно е да се земат предвид искуставата на земји кои имаат доста голем процент на искористување на овие средства.

Предлог-законот за ратификација на Рамковната спогодба помеѓу Република Македонија застапувана од страна на Владата на РМ и Европската комисија за постапките за спроведување на финансиската помош од Унијата за Република Македонија во рамките на спроведувањето на помошта според Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) треба да биде ратификувана на пленарна седница на македонскиот Парламент.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik