Околу 8,1 милиони евра од буџетот за следната година ќе издвои Владата за изградба и модернизирање на слободните економски зони низ земјава. Тој објасни дека ставката за развој и изградба на технолошко-индустриските развојни зони во буџетот за 2012 година ќе биде за околу 3 милиони евра повисока од годинашната. Тоа, според Ставрески, ќе овозможи да се интензивира тековната изградба и да почне реализацијата на планираните зони и во другите градови. Планирано е такви зони да се градат и во Гевгелија, Радовиш, Струга, Kичево, Прилеп, Струмица и Ранковце. Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, информираше дека за десетина дена компанијата „Џонсон контролс“ ќе почне со префрлање на машините во фабриката во Штип и со пробно производство.
Околу 8,1 милиони евра од буџетот за следната година ќе издвои Владата за изградба и модернизирање на слободните економски зони низ земјава, најави министерот за финансии Зоран Ставрески на вчерашната владина седница.
Тој објасни дека ставката за развој и изградба на технолошко-индустриските развојни зони во буџетот за 2012 година ќе биде за околу 3 милиони евра повисока од годинашната. Тоа, според Ставрески, ќе овозможи да се интензивира тековната изградба и да почне реализацијата на планираните зони и во другите градови. Планирано е такви зони да се градат и во Гевгелија, Радовиш, Струга, Kичево, Прилеп, Струмица и Ранковце.
Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, информираше дека за десетина дена компанијата „Џонсон контролс“ ќе почне со префрлање на машините во фабриката во Штип и со пробно производство. Според Мизо, во текот на ноември во земјава треба да пристигне и опремата на кинеската компанија „Хајер“ за склопување монитори и телевизори. Овие, но и други активности, за Мизо се доказ дека работите и со другите странски инвестиции што треба да се реализираат во земјава течат без проблем.
Владата за десетина дена ќе објави јавен повик за концесионер за јавно-приватно партнерство за индустриската зона Тетово.