Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, оствари работна средба со генералниот менаџер на компанијата „Гентерм“, Андреј Хасинец, на која беше разговарано за моментната состојба на фирмата и нејзините идни планови. Градоначалникот Јованоски потенцира дека Општина Прилеп во идина ќе даде максимална поддршка за сите идни развојни планови на компанијата. Во „Гентерм“ во моментот работат 1.270 вработени, повеќето од нив се жени. Компанијата планира до крајот на 2018 година да вработи нови 500 лица, а до крајот на 2020 и почеток на 2021 година менаџментот планира бројот на вработени во „Гентерм“ да достигне речиси 2.300 вработени.
Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, оствари работна средба со генералниот менаџер на компанијата „Гентерм“, Андреј Хасинец, на која беше разговарано за моментната состојба на фирмата и нејзините идни планови.
Градоначалникот Јованоски потенцира дека Општина Прилеп во идина ќе даде максимална поддршка за сите идни развојни планови на компанијата.
Во „Гентерм“ во моментот работат 1.270 вработени, повеќето од нив се жени.
Компанијата планира до крајот на 2018 година да вработи нови 500 лица, а до крајот на 2020 и почеток на 2021 година менаџментот планира бројот на вработени во „Гентерм“ да достигне речиси 2.300 вработени.
Објектот во кој се работи моментно се простира на површина од 10.000 м2, а во перспектива е планирано изградба на нови хали, со што капацитетот на фабриката ќе се зголеми на 22.000 м2.