Најдобрите машини на „Филип Морис“ во цигарната фабрика во Прилеп

Bez autora
Feb 22 2015

Тутунски комбинат Прилеп“ доби две нови машини од „Филип Морис“, со што продолжи да се модернизира за да се зголеми квалитетот на производството во фабриката. Дополнувањето на производствениот капацитет со две нови машини е уште еден доказ за успешната соработка помеѓу интернационалната тобако компанија „Филип Морис“ и „Тутунски комбинат“, што е содржина на Договорот за стратегиско партнерство и цел на основањето на заедничката компанија „Филип Морис -Тутунски комбинат-Прилеп ДОО Скопје“ пред 10 месеци. Во присуство на претставниците на „Филип Морис“, денеска во цигарната фабрика на прилепскиот комбинат беа презентирани предностите од новата инвестиција. Договорот за стратегиско партнерство значи чекор напред за прилепскиот ’Тутунски комбинат’, од аспект на модернизација и трансформација на фабриката во ДООЕЛ ’Цигари’. Новите машини и опрема овозможуваат модернизација на самите процеси, оптимална искористеност на човечките ресурси и оптимална организација, рече Марјан Ангелески, директор на ДООЕЛ „Цигари“, најавувајќи нови иновативни цигари на двете компании кои се произведуваат во прилепскиот комбинат.

Најдобрите машини на „Филип Морис“ во цигарната фабрика во ПрилепТутунски комбинат Прилеп“ доби две нови машини од „Филип Морис“, со што продолжи да се модернизира за да се зголеми квалитетот на производството во фабриката.

Дополнувањето на производствениот капацитет со две нови машини е уште еден доказ за успешната соработка помеѓу интернационалната тобако компанија „Филип Морис“ и „Тутунски комбинат“, што е содржина на Договорот за стратегиско партнерство и цел на основањето на заедничката компанија „Филип Морис -Тутунски комбинат-Прилеп ДОО Скопје“ пред 10 месеци. Во присуство на претставниците на „Филип Морис“, денеска во цигарната фабрика на прилепскиот комбинат беа презентирани предностите од новата инвестиција.

„Договорот за стратегиско партнерство значи чекор напред за прилепскиот ’Тутунски комбинат’, од аспект на модернизација и трансформација на фабриката во ДООЕЛ ’Цигари’. Новите машини и опрема овозможуваат модернизација на самите процеси, оптимална искористеност на човечките ресурси и оптимална организација. Заедничката фирма поседува силни брендови како на домашниот, така и на странските пазари, а наша обврска е да ги следиме преференциите на полнолетните пушачи, како и динамиката на пазарот“, рече Марјан Ангелески, директор на ДООЕЛ „Цигари“, најавувајќи нови иновативни цигари на двете компании кои се произведуваат во прилепскиот комбинат.

Двете нови машини се донесени во цигарната фабрика од најсовремените фабрики на „Филип Морис“.

„Целта е ’Тутунски комбинат’ што поскоро и подобро да се приближи до стандардите за квалитет на ’Филип Морис‘. Она што е направено досега се гледа во инсталацијата на новата модерна опрема која ќе донесе подобар квалитет, инсталирање опрема на онлајн печат што спречува шверц на пазарот и онлајн опрема за мерење на квалитетот на производите, со цел да се достигне бараниот квалитет на пазарот. Целта на префрлање на најдобрите машини на ’Филип Морис‘ во Прилеп е подобрување на портфолиото на ’Тутунски комбинат’, што е многу важно. Се пренесува во исто време и ноу-хау, значи знаење“, вели Бора Костиќ, консултант од „Филип Морис“, кој веќе една година работи во прилепската цигарна фабрика.

„Филип Морис - Тутунски комбинат Прилеп ДОО Скопје“ (ПМТКП) е компанија со заеднички капитал, формирана во согласност со Договорот за стратешко партнерство потпишан во мај минатата година. Ова правно лице има ексклузивно право на комерцијализација на брендовите на ТКП и на „Филип Морис“ на македонскиот пазар. Овие права вклучуваат, но не се ограничени на развој на маркетиншки планови, брендовски стратегии и дистрибуција на тутунски производи. Во меѓувреме, ТКП ги задржува своите постојни производствени капацитети и можностите за набавка на тутун и ќе произведува селектирани брендови на ПМТКП за кои има технички можности во фабриката во Прилеп.

Според прогнозите на менаџерите, со овој договор прилепскиот комбинат финансиски целосно ќе се консолидира за две години и ќе биде избришан од листата на загубари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik