Намалени странските вложувања во првиот квартал

Bez autora
Jun 01 2016

Пониски од февруари, но повисоки од јануари, биле странските инвестиции што влегле во земјава во март оваа година. Народна банка на Македонија вчера ги објави најновите податоци за директните странски инвестиции во земјава во третиот месец од годинава, кои биле на ниво од 25,08 милиони евра. Ова следува откако јануари беше исклучително лош на инвестициски план, со вложени само 560 илјади евра, додека февруари пријатно изненади со инвестирани 33,07 милиони евра странски пари. Или, вкупно во првите три месеци од годинава биле вложени 58,7 милиони евра, што во однос на истиот период лани е намалување за 5,34 милиони евра, или за 8,3 проценти.

Намалени странските вложувања во првиот кварталПониски од февруари, но повисоки од јануари, биле странските инвестиции што влегле во земјава во март оваа година. Народна банка на Македонија вчера ги објави најновите податоци за директните странски инвестиции во земјава во третиот месец од годинава, кои биле на ниво од 25,08 милиони евра.

Ова следува откако јануари беше исклучително лош на инвестициски план, со вложени само 560 илјади евра, додека февруари пријатно изненади со инвестирани 33,07 милиони евра странски пари.

Или, вкупно во првите три месеци од годинава биле вложени 58,7 милиони евра, што во однос на истиот период лани е намалување за 5,34 милиони евра, или за 8,3 проценти.

Главна причина за послабиот влез на странски инвестиции, според експертите, е пролонгирањето на политичката криза во земјава. Иако во февруари и во март има извесно подобрување на полето на странските инвестиции во однос на јануари кој речиси воопшто и не донесе надворешни вложувања, сепак, тие се пониски и во однос на минатата година, а уште помали во споредба со посакуваното ниво за нашата држава.

Треба да се спомене и дека не е исклучено во април да се испорачаат уште послаби суми од странските инвеститори, со оглед на тоа што сите досегашни податоци за тој месец се исклучително неповолни на економски план, почнувајќи од повлекувањето на депозитите, забавеното кредитирање, како и намалувањето на стапката на раст на индустриското производство во однос на првите три месеци од годинава.

Инаку, ако се гледа само март, од вкупно 25,08 милиони евра странски инвестиции, 16,75 милиони евра се однесуваат на сопственички капитал и реинвестирање на добивката, додека 8,32 милиони евра се однесуваат на должнички инструменти, односно заеми што меѓу себе си ги одобруваат или враќаат странските компании и нивните фирми ќерки во земјава.

Економските експерти сметаат дека пролонгирањето на политичката неизвесност е една од клучните причини што негативно се рефлектираат врз странските директни инвестиции. Странските инвеститори во вакви услови не размислуваат за влез овде или за проширување на своите капацитети. За време на политичка криза, инвеститорите ги одложуваат своите одлуки за вложување во одредена држава.

Инаку, некои од странските инвеститори што во земјава имаат фабрики во технолошко-индустриските развојни зони, во последниов период го намалија бројот на вработените. Неодамна, како што пишуваше „Утрински“, белгиската компанија за автобуси „Ван хол“, во „Бунарџик“, почна да го намалува бројот на работници.

Инаку, лани во земјава влегле 157 милиони евра СДИ, откако во 2014 овде била инвестирана поголема сума од странство, 205 милиони евра, а во 2013 СДИ биле уште повисоки и изнесувале 252 милиони евра. Рекордна била 2007, со 506 милиони евра, а солидна била и 2008, со 400 милиони евра.

Истражувањето на младите аналитичари, ЗМАИ, неодамна покажа дека домашните компании имаат поголем ефект врз економскиот раст отколку странските. Според нивните наоди, за шест години речиси двојно се зголемени трошоците за привлекување СДИ.

Во последните три години, според податоците на централната банка, се намалува учеството на СДИ во бруто-домашниот производ. Во 2013 година нивното учество во БДП било 2,8 отсто, а во 2015 изнесувало 1,9 проценти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik