Наша компанија ќе произведува за „БМВ“

Bez autora
Sep 16 2015

Македонската компанија ТЕ-ТЕ ПЛАСТ во следните 8 години ќе произведува автокомпонентни за германската автомобилска компанија „БМВ“. Оваа компанија склучила 8-годишен договор со водечкиот производител на светла и светлосна опрема, компанијата „Хелла гроуп“, за испорака на компоненти за светла за целокупната програма на СУВ возила на познатиот германски производител „БМВ“. Највисоките стандарди на производство кои ги има имплементирано како ИСО9001, ИСОТС16949, високостручниот кадар со кој располага, континуираните инвестиции во современа опрема и машини овозможија оваа компанија да извезува уште од 2009 година, од година во година да го зголемува производството, испорачувајќи компоненти на брендови како „Ауди“, „Нисан“, „Рено“, „Сеат“, „Порше“, „БМВ“.

Македонската компанија ТЕ-ТЕ ПЛАСТ во следните 8 години ќе произведува автокомпонентни за германската автомобилска компанија „БМВ“.

Оваа компанија склучила 8-годишен договор со водечкиот производител на светла и светлосна опрема, компанијата „Хелла гроуп“, за испорака на компоненти за светла за целокупната програма на СУВ возила на познатиот германски производител „БМВ“. Највисоките стандарди на производство кои ги има имплементирано како ИСО9001, ИСОТС16949, високостручниот кадар со кој располага, континуираните инвестиции во современа опрема и машини овозможија оваа компанија да извезува уште од 2009 година, од година во година да го зголемува производството, испорачувајќи компоненти на брендови како „Ауди“, „Нисан“, „Рено“, „Сеат“, „Порше“, „БМВ“. Компанијата ТЕ-ТЕ ПЛАСТ постои од 1997 година, бележи постојан раст и континуирано инвестира во технологија и „ноу хау“. „Произведуваме компоненти за светла, компоненти за клима-уреди, за електроника и компоненти за автокаросерија. Ги следиме трендовите во индустријата, се трудиме постојано да се подобруваме и да ги задоволиме највисоките светски стандарди. Соработуваме со водечки компании од автомобилскиот сектор, што е големо признание за нас и воедно потврда дека создаваме квалитетни делови кои се неизбежен дел од автомобилската индустрија“, изјави Ѓорче Тодоровски, генерален менаџер на ТЕ-ТЕ ПЛАСТ Скопје. Оваа компанија ја сметаат за лидер во регионот за производство на пластични компоненти и калапи за светските автомобилски гиганти, која вработува 50 луѓе, а која како резултат на зголеменото производство создава можности и за дополнителни работни места, и тоа пред се за машински инженери. Од компанијата велат дека домашните производни компании се силен фактор за економскиот развој на земјата. Значајно влијаат на создавањето на бруто- домашниот производ, а ако се извозни и во намалувањето на трговскиот дефицит, вработуваат, претставуваат значаен извор на приходи за државата, носат многу комплементарни ефекти за другите македонски компании.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik