За два месеца се очекува да почне континуиран дотур на јаглен во РЕК „Битола“ од новиот површински коп Брод-Гнеотино. Тој вчера го посети комбинатот по повод Денот на рударите, кој годинава беше јубилеен зашто се навршија 30 години од почетокот на експлоатацијата на руда во РЕК. Засилено работиме на реализација на договорот со германската фирма „Тисен Круп“ за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за континуиран дотур на јаглен од Брод-Гнеотино до рудникот „Суводол“ во должина од 10 километри. Овој мегаинвестициски проект очекуваме да заврши за два месеца и да ги пренесе првите количини јаглен до „Суводол“ во континуиран режим. Опремата е вредна 18,6 милиони евра, а до сега рудата од копот се пренесуваше со помош на градежна механизација. Чинговски уште најави дека годинава максимално ќе го зајакнат производниот процес во површинскиот коп Брод-Гнеотино со пуштање во работа на вториот БТО-систем, во кој ќе биде вклучен санираниот багер СРС 2000. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на ископ на јаловина и ќе се создаде непречен пристап кон јагленовите резерви.
За два месеца се очекува да почне континуиран дотур на јаглен во РЕК „Битола“ од новиот површински коп Брод-Гнеотино, најави генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски.
Тој вчера го посети комбинатот по повод Денот на рударите, кој годинава беше јубилеен зашто се навршија 30 години од почетокот на експлоатацијата на руда во РЕК.
- Засилено работиме на реализација на договорот со германската фирма „Тисен Круп“ за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за континуиран дотур на јаглен од Брод-Гнеотино до рудникот „Суводол“ во должина од 10 километри. Овој мегаинвестициски проект очекуваме да заврши за два месеца и да ги пренесе првите количини јаглен до „Суводол“ во континуиран режим - изјави Чинговски.
Опремата е вредна 18,6 милиони евра, а до сега рудата од копот се пренесуваше со помош на градежна механизација. Чинговски уште најави дека годинава максимално ќе го зајакнат производниот процес во површинскиот коп Брод-Гнеотино со пуштање во работа на вториот БТО-систем, во кој ќе биде вклучен санираниот багер СРС 2000. Со тоа целосно ќе се заокружи процесот на ископ на јаловина и ќе се создаде непречен пристап кон јагленовите резерви.
Освен овој проект, ЕЛЕМ вложува средства и во модернизација и автоматизација на енергетските блокови на термоелектраната. Лани беше модернизиран првиот агрегат, а сега привршува постапката врз вториот. За еден месец и тој ќе биде вклучен во производниот процес. Со овој проект, термоблоковите дополнително ќе произведуваат 160 гигават-часови електрична енергија.